Висечки мост — еден вид градежнаконструкција во која каблите што висат од столб ја носат неговата греда.[3] Првите современи примероци на ваков вид мост биле изградени во раните 1800-ти.[4]Едноставните висечки мостови, кои немаат вертикални потпори, имаат долга историја во многу планински области во светот.[5]
Историја
Едноставен висечки мост
Висечките мостови се еден од најстарите видови мостови. Ваквите мостови биле градени уште од неолитот користејќи растенија како носачи на подножјето на мостот. Многу поцврсти конструкции почнале да се градат во Индија околу IV век, кои користеле испреплетени бамбуси како носачи, а подоцна и железнисинџири.[3]
Бидејќи висечките мостови обезбедуваат економично решение за проблемот со големите распони над пловните реки или на други места каде што е тешко да се изградат столбови поради длабоката вода, за нив почнало да се размислува за време на Индустриската револуција.[3]
Техниката на упредувањекабли, што ја измислил францускиот инженер Луј Вика (современик на Реблинг), значително ја унапредила изградбата на висечки мостови.[3]
Друг голем придонес во развојот на модерните висечки мостови бил кесонот, кој овозможил да се градат столбови на големи длабочини. Првично го користеле француски, британски и американски инженери, меѓу кои и Вашингтон Роблинг, кој го завршил Бруклинскиот мост на неговиот татко.[3]
Туристичкиот висечки мост Капилано недалеку од Ванкувер
Околу 1930-тите години, американските инженери вршеле опити со многу тенки цврсти кабли како носачи на гредите на мостовите, наместо решеткаста конструкција, но откако мостот преку теснецот Такома се урнал во 1940 година заради аеродинамичките сили (многу се нишал дури и при слаб ветер), се откажале од таквиот начин и се вратиле на потврдените методи. Подоцна, аеродинамички стабилни носачи ги замениле решеткастите структури.[3]
На крајот на 1980-тите, само три висечки мостови - Голден гејт во Сан Франциско, Веразано во Њујорк и Хамберскиот мост во близина на англискиот Хул — имале распон поголем од 1200 метри.[3]
Се смета дека модерните легирани челици можат да носат многу поголеми распони, па дури и висечките мостови би можеле да бидат доволно цврсти да носат товарни возови, но сепак речиси сите се проектирани за автомобилски сообраќај.[3]
Мостови од подготвени кабли почнале да градат германските инженери во Келн, Дисердорф и други градови во текот на 1950-тите и 60-тите години, при што само еден средиштен столб носел низа кабли кои пак ја носеле гредата на мостот.[3]
Calladine, C. R. (2015-04-13), „An amateur's contribution to the design of Telford's Menai Suspension Bridge: a commentary on Gilbert (1826) 'On the mathematical theory of suspension bridges'“, Philosophical Transactions of the Royal Society A, 373 (2039): 20140346, Bibcode:2015RSPTA.37340346C, doi:10.1098/rsta.2014.0346, PMC4360092, PMID25750153