Луња[1] или бура[2] — секоја нарушена состојба на животната средина или атмосфера на астрономско тело, особено што влијае на нејзината површина и подразбира невреме. Може да биде обележанa со значителни нарушувања на нормалните услови како што се силен ветер, град, обилни врнежи (снег, дожд), силни ветрови (тропски циклон) или ветар што носи некоја материја низ атмосферата како снежна бура, ледена бура и песочна бура.
Настанок
Невремето се создава, кога нискиот притисок владее, со висок притисок околу него.
Ова е формација на непријателски природни сили, што создаваат разни ветрови, бури, тешки снегови, тешки дождови и слично.
Сонцето нерамномерно ја затоплува Земјата. Близу до екваторот, тоа силно грее и го загрева воздухот и океаните. Така, една голема воздушна маса полна со водена пареа се крева високо во небото. На Северниот и Јужниот Пол сончевите зраци се послаби. Таму се создава сува студена воздушна маса. Разликите во температурата и ротирањето на Земјата предизвикуваат постојано движење на воздушните маси. Топлиот воздух од екваторот се движи во северен и јужен правец, а студениот воздух се движи од половите кон екваторот.
Видови
Имаме повеќе вида на невремиња.
Ледена бура
Ледените бури се едни од најпознатите облици на зимското невреме. Температурите се под 0° и е под смрзнувачко на телесната покривка на земјата.
Снежна бура
Снежната бура се означува кога паѓа снег со така брзина од 5 цантиметри на час.
Океанска бура
Оваа бура се означува кога на океаните дува ветер повеќе од 90 километри на час (км/ч).
Торнадо
Торнадото е силен ветер што едноставно од облаците се прикачува на земјата со ротација. Најчесто изгледа темно, со форма на циклон. Торнадото е најзастапено во САД (Tornado Alley)
Невремето како тема во уметноста и во популарната култура
↑Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 515.
↑Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 33-34.