Витаминка
Витаминка е македонско претпријатие (акционерско друштво) за прехранбени и кондиторски производи, основано во 1956 година во Прилеп. ИсторијаВитаминка А.Д. е основана во 1956 година во Прилеп, СР Македонија. Претпријатието е основано од тогашната државна власт[2] и првичната замисла била да биде претпријатие за производство и обработка на црвен мелен пипер.[1] Во 1976 година, раководството на претпријатието усвоило нов деловен план и проширување на производните капацитети и асортимани. Така, Витаминка започнала со производство на поголем број прехранбени производи. Набргу, Витаминка прераснала во водечко претпријатие во прехранбената индустрија во Македонија.[2] Денес, Витаминка има над 600 вработени. Производство„Витаминка“ е водечко претпријатие во прехранбената индустрија во Македонија. Од своето вкупно производство, околу 45% се пласира на пазарите надвор од Македонија. Своите производи Витаминка ги продава во повеќе од 30 држави, а во 2019 година започнала да извезува и во Јапонија.[3] Витаминка има над 350 видови пакувани прехранбени производи.[3] Во 2019 година, „Витаминка“ ја купила фабриката за масло „Брилијант“ од Штип.[4] ПроизводиПоголемите брендови на Витаминка се:[4]
Асортиманот на Витаминка е поголем и вклучува различни видови производи и вкусови. Награди и признанијаВо 2019 година, македонската влада ѝ доделила на „Витаминка“ признание за општествена одговорност и промоција на семејните вредности. Признанието било доделено поради скратувањето на работното време на вработените во „Витаминка“ кои се враќаат од породилно отсуство во времетраење од три месеци. Покрај тоа, „Витаминка“ вовела и надоместок за трето дете. Покрај ова признание, како дел од манифестацијата „Најдоброто од Истокот“ која ја организира Здружението на новинарите од Источниот Регион, на „Витаминка“ ѝ било доделено признание за најдобра домашна инвестиција (за преземањето на фабриката за масло „Брилијант“ во Штип).[4] Белешки
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia