Витолишки манастир
Витолишки манастир или Мелнички манастир — манастир во непосредна близина на некогашното село Мелница, сместен покрај реката Бутурица, веднаш на регионалниот пат кој води до селото Витолиште, веднаш над одвојувањето за селата Полчиште и Бешиште. Историја![]() ![]() Манастирот започнал да се гради во 1870 година под водство на Стале Чешелков, но и со помош на целокупното мариовско население. Главната манастирска црква „Св. Илија“ била завршена во 1872 година, а нејзиниот богат фрескоживопис бил завршен во 1881 година од страна на зографот Аврам Дичов, син на познатиот мајстор Дичо Зограф.[1] Според натпис пронајден во манастирската црква кој потекнува од 1872 година, манастирот бил изграден од мајсторот Пере Лауца со помош на православните христијани од околните села[2]. Во минатото во манастирот имало монаштво и во него живееле монаси. Имотната состојба на мнастирот била добра за опстанокот на манастирската братија односно монашкото братство и луѓето коишто работеле на манастирските имоти. Манастирот поседувал ниви, ливади, шуми, како и голем број на добиток од кој имак булук овци, кози, говеда, пчели и друг вид жива стока[2]. ЦрквиТемелите на црквата биле поставени во 1870 година на иницијатива на Стале Чешелков од селото Полчиште, која била планирана да биде главна манастирска црква на тогашниот Мелнички манастир (денес наречен и Витолишки манастир), која била помогната од целото мариовско население[2]. Изградбата завршила по неполни две години од нејзиниот почеток и веднаш биле повикани прочуените мијачки зографи од селото Тресонче предводени од Аврам Дичов, син на познатиот и легендарен зограф од XIX век - Дичо Зограф[2]. Како ктитор на манастирската црква, а подоцна прогласен и за доживотен игумен на самата црква, се јавува Стале Чешелков, кој бил главниот иницијатор за изградба на манастирската црква и самиот манастир во целост[2]. На барање на месното население бил насликан на ѕидовите од манастирската црква, каде е претставен во природна големина (цел раст), со бела брада, патерица во десната рака и облечен во убава мариовска носија[2]. Дедо Стале умрел во 1913 година на 115 годишна возраст[2]. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia