Влажна марамица![]() ![]() Влажно мараче, познато и како влажна крпа, мокра крпа, влажно марамче за еднократна употреба, марамче за дезинфекција или бебешо марамче (во специфични околности) е мало до средно навлажнето парче пластика [1] или ткаенина која е превиткано и завиткано за практична употреба или голема ролна со индивидуални крпи што можат да се скинат. Влажните марамчиња се користат за лична хигиена и како и за чистење во домаќинството, во зависност од додадените хемикалии, додека медицинските или канцелариските марамчиња за чистење не се наменети за хигиена на кожата.[2] ИзумЗа пронаоѓач на влажните марамчиња се смета Артур Џулиус [3] . Џулиус го регистрираl името Wet-Nap како трговска марка во 1958 година, име за производот кое сè уште се користи. Продукција![]() Најголем број од влажните марамчиња на пазарот (околу 90%) се произведуваат од неткаени ткаенини направени од полиестер или полипропилен .[4] [ неуспешна верификација ] Материјалот се навлажнува со вода или други течности (на пр., изопропил алкохол) во зависност од намената. Материјалот може да биде надополнет со лосиони или парфеми за да се прилагодат тактилните и мирисните својства. За спречување на бактерии во пакувањата најчесто се користат конзерванси како метилизотиазолинон. Влажни марамчиња се преклопуваат и се ставаат во џебно пакување или во кутија со диспензер. УпотребаВлажните марамчиња служат за голем број лични и домашни намени. Влажни марамчиња за бебињаВлажните марамчиња за бебиња служат за чистење на чувствителната кожа на бебињата. Влажните марамчиња за бебиња обично се со различен број на пакувања (до 80 или повеќе листови по пакување) и доаѓаат со механизми за дозирање.Нивното потекло најверојатно датира од средината на 1950-тите. Една од првите компании која почнала да ги произведува е компанијата наречена „Најс-Пак“. Влажни марамчиња за тоалетВлажните тоалетни марамчиња многу често имаат предност пред обичната тоалетна хартија. Многу брендови продаваат влажни конкретно за употреба во тоалет, тврдејќи дека се „растворливи во вода“. Сепак, тие не се распаѓаат во септички јами бидејќи се направени од нерастворлив материјал како полиестер или полипропилен. Во 2013 година, во статија на „Консјумер рипортс“ се вели дека ниту еден од водечките брендови не можел да го помине нивниот тест.[5] Лична хигиенаВлажните марамчиња често се користат во дел од стандардниот пакет за прибор за јадење што се нуди во рестораните или заедно со оброците во авионот . Влажните марамчиња почнаа да се продаваат како луксузна алтернатива на тоалетната хартија до 2005 година од страна на компании како што се Kimberly-Clark и Procter & Gamble .[6] Тие се издаваат во тоалетите на рестораните, бензинските пумпи, лекарските ординации и други места со јавна употреба. Индустриски марамчињаИндустриските марамчиња за чистење се претходно импрегнирани со моќна течност за чистење која ја елиминираат нечистотијата, додека пак високо-ефикасната ткаенина ги апсорбира остатоците. Тие имаат способност да чистат широк спектар на супстанции од рацете, алатите и површините, вклучувајќи: нечистотија, маснотии, бои и премази на база на масло и вода, лепила, силиконски и акрилни заптивки, полипена, епоксидна смола, масло, катран и друго.[7] Олеснување на болкатаНа пазарот постојат марамчиња за ублажување на болка натопени со алкохол и бензокаин. Се користат за лекување на помали гребнатини, изгореници и убоди од инсекти. Функционираат така што ја дезинфицираат повредата, а исто така ја ублажуваат болката и чешањето. Грижа за домашни миленициВлажните марамчиња се произведуваат специјално за нега на домашни миленици, на пример за чистење очи, уши или заби (со борна киселина, калиум хлорид, цинк сулфат, натриум борат) за животни како кучиња, мачки, коњи и птици. Здравствена заштитаМедицински влажни марамчиња се користат за различни намени. Тука спаѓаат алкохолни влажни марамчиња, хлорхексидински марамчиња (за дезинфекција на површини и неинвазивни медицински помагала) и спорицидни марамчиња.[8] Медицинските марамчиња може да се користат за да се спречи ширењето на патогени како што се норовирусот и Clostridioides difficile .[9] Влијание врз канализациските системиПоради нивното нераспаѓање или нерастворување во вода може да предизвика затнување на канализацијата, познато како фетбергс, и затоа компаниите за управување со водоснабдување апелираат до луѓето да не фрлаат влажни марамчиња во тоалетите.[10] Влажните марамчиња како што се бебешките влажни марамчиња семпочести за употреба како алтернатива на тоалетната хартија во богатите земји, вклучувајќи ги САД и Обединетото Кралство. Оваа употреба во некои случаи е охрабрена од производителите, кои некои марки на влажни марамчиња ги етикетирале како „растворливи“. Кога се пуштаат во тоалет, се затнуваат во внатрешниот водовод, септичките системи и јавните канализациски системи.[11] Тенденцијата маснотиите и влажните марамчиња да се лепат заедно наводно го поттикнува растот на проблематичните запушувања во канализацијата познати како „масни крпи“.[12][13] Покрај тоа, некои марки на марамчиња содржат алкохол, кој може да убие бактерии и да ги денатурира ензимите одговорни за разградување на цврстиот отпад во септичките јами. Кон крајот на 2010-тите, на пазарот се појавуват и други алтернативи како што се гел-марамчињата .[14] Во 2014 година, во Окружниот суд на САД за Северниот округ на Охајо беше поднесена групна тужба против Target Corporation и Nice-Pak Products Inc. во име на потрошувачите во Охајо кои користеле влажни марамчиња за перење од брендот Target. Во тужбата се тврди дека трговецот ја означил амбалажата на марамчињата од брендот „Up & Up“ како безбедни за канализација и септички системи. Во тужбата, , се наведува дека производите претставуваат опасност по јавното здравје бидејќи ги затнуваат пумпите во објектите за третман на општински отпад.[15] Таргет и Најс-Пак се согласија да го решат случајот во 2018 година.[16] Во 2015 година, градот Вајоминг, Минесота, покрена групна тужба против шест компании, вклучувајќи ги Проктер и Гембл, Кимберли-Кларк и Најс-Пак, тврдејќи дека лажно ги промовираат своите производи како погодни„за пуштање во вода“.[6][17] Градот ја отфрли тужбата во 2018 година откако заклучи дека градот не доживеал оштетување на канализациските системи ниту зголемување на трошоците за одржување.[18] Во 2019 година, индустрискиор орган Water UK донесе нов стандард за влажни марамчиња што се растворливи во вода. Влажните марамчиња ќе треба да поминат ригорозно тестирање за да добијат ново и одобрено лого „Fine to Flush“. Од јануари 2019 година, потврдено е дека само еден производ дека го исполнува стандардот, иако имало уште околу седум други во процес на тестирање.[19] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia