ВластВласт е институционална моќ, заснована на нормативни претпоставки кои имаат авторитет, кој произлегува од волјата на граѓаните или општествените организации. Нормативниот поредок е основа на конституирањето на власта. Без организација нема власт. Власта е легитимен облик на моќ. Власта претставува воспоставени односи помеѓу правата и должностите на нејзините носители, но и на оние кои нејзе и се потчинети.[1] Власта се дели на: законодавна, судска и извршна. Спрема обликот на владениеВо овој облик се набљудуваат особините кои ги имаат носителите на власта, начинот на доаѓање на власт и односот на власта кон граѓаните. Во овој облик спаѓаат: Монархија, Диктатура, Република и Хилафет. Спрема општественото уредувањеОвде станува збор за карактерот на внатрешното уредување на државата и за тоа дали внатрешните механизми се едноставни или сложени. Разликуваме едноставни и сложени држави. Спрема типот на политичкиот системСтанува збор за односот на граѓаните спрема државната власт, во овој облик спаѓаат: Автократија, Олигархија, Демократија и Суракратија. Спрема степенот на централизацијаОваа поделба се занимава со односите помеѓу централната и локалната власт. Во центристичките држави, локалните органи имаат мал степен на самостојност. Во децентрализираните држави, локалните власти се носители на децентрализацијата и на локалната власт. Денес не постои исклучиво една или друга варијанта, во сите држави постои мешавина од овие под системи. ФункцииВлада има разни функции меѓу кои: економија, образование, здравство, наука, територија и војна. ТериторијаМодерна стандардна единица за територија е земја. Во таа територија можат да постојат субнационални органи кои можат да управуваат со некои делови на територијата но немааат целосна моќ, која ја има националната влада. Спроведување на законитеВладите користат разни методи да одржат ред и мир, како што се полиција и војска (посебно во деспотизмот и полициските држави), договори со други држави, и одржување на поддршката во државата. Типични методи за одржување поддршка и легитимитет се изградба на инфраструктура за судството, администрацијата, транспортот, социјална помош и други. Различни политички идеологии имаат различни видувања за тоа што владата може, а шта не може да прави. Власта како мотив во популарната култура
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia