ВолфенбителЗа други значења на поимот, погл. Волфенбител (појаснување).
Волфенбител (германски: Wolfenbüttel) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Најмногу е познат како средиште на меѓународно познатата библиотека „Херцог Август“ и по најголемиот број на фахверк градби во Германија. Претставува епископско седиште на Евангелистичко-лутеранската црква во Брауншвајг. Исто така, претставува дом на производителот на Јегермајстер, како и на кампусот на Вишата школа Остфалија.[2] ГеографијаСтариот град на Волфенбител се наоѓа на надморска височина од 77 метри (измерено на железничката станица). Како највисока точка во градското подрачје е Дроненберг со 134 метри во североисточниот дел на Волфенбител. Во северниот дел на градот се наоѓа најниската точка со 74 метри. Како градски центар е одредена главната црква.[3] Во насока север-југ градот се протега 5,2 километри, додека во насока исток-запад се протега околу 5 километри. Градското подрачје зафаќа простор од 1.461 хектар (14,61 км²), додека со сите окрузи околу градот површината изнесува 7860 хектари (78,60 км²).[4] Со 1190 хектари шумите зафаќаат најголем дел од површината, зад нив следат станбените и слободните површини со 1089 хектари. Улиците и патиштата зафаќаат вкупно 540 хектари, 186 хектари зафаќаат парковите, а реките и езерата 67 хектари.[5] МестоположбаВолфенбител се наоѓа во југоисточниот дел на Долна Саксонија помеѓу планинскиот масив Харц и Линебуршко поле. Градот се наоѓа 12 километри јужно од Брауншвајг, околу 60 километри источно-југоисточно од покраинскиот главен град Хановер и во непосредна близина на Залцгитер. Други градови се Бад Харцбург, Гослар, Хилдесхајм, Пајне и Волфсбург. Низ градот поминува реката Окер. Јужно од градот се наоѓа шумата Одер. Градски единициВолфенбител се состои од самото градско јадро и десет припоени окрузи Залцдалум, Ацум, Алум, Вендесен, Линден, Халхтер, Лајнде, Адерсхајм, Фимелзе и Грос Штекхајм. Градското јадро понатаму е поделено на седум градски делови или градски окрузи. Во самиот Стар град се наоѓаат Августштат (запад), Хајнрихштат (центар) и Јулиусштат (исток). Градските делови Курцес Холц (североисток), Роте Шанце (југоисток), Шведеншанце (северозапад) и Вајсе Шанце (југозапад) го опкружуваат Стариот град. Најстариот дел на градот е денешниот градски округ Хајнрихштат. Во 1567 година се проширил кон исток (Јулиусштат), а во 1652 година кон запад (Августштат).
Историја![]() Првата населба, веројатно само на мало островче во реката Окер, била основана во X век. Била спомената во 1118 година како Вулферисбутле (Wulferisbuttle), кога саксонскиот гроф Видекинд од Волфенбител имал воден замок изграден на важниот трговски пат од Брауншвајг до Халберштат и Лајпциг. Уништен од Хајнрих Лавот во 1191 година и повторно од неговиот правнук, војводата Алберт I во 1255 година, тврдината била освоена и повторно изграден од велфскиот војвода Хајнрих I. До 1432 година, градот бил постојана резиденција на кнезовите на Волфенбител. Уништен во 1542 година во текот на Шмалкалдската војна, бил главно обновен во ренесансен стил под водство на војводата Јулиус. Градот добил пазарни права во 1570 година и ја основал војводската библиотека (Herzogliche Bibliothek, подоцна наречена Bibliotheca Augusta) две години подоцна. Во текот на Триесетгодишната војна, данските трупи на кралот Кристијан IV го окупирал утврдениот град во 1626 година. По блиската битка кај Лутер, тие биле поразени од царските сили на генералот Готфрид Хајнрих Граф цу Папенхајм. Повторно освоена во 1627 година, тврдината во Волфенбител останала под команда на Готфрид Хујн фон Гелен. Во јуни 1641 година се водела Битката кај Волфенбител, кога шведските сили на Врангел и грофот на Кенигсмарк ги поразиле Австријците на надвојводата Леополд Хабсбуршки, меѓутоа не успеале да го окупираат градот. За две века, особено под водство на наследниците на војводата Јулиус, Хајнрих Јулиус и Август Помладиот, Волфенбител прераснал во средиште на уметноста и науката. Веќе во 1604 година, композиторот Михаел Преториус (1571–1621) бил капелмајстер (Kapellmeister; лице задолжено за музиката) на војводите на Брауншвајг. Од 1682 година, композиторот Јохан Розенмилер (1619–1684), кој морал да побегне од Германија поради наводи за хомосексуалност, ги поминал последните години во Волфенбител. Готфрид Лајбниц (1646–1716) и Готхолд Ефраим Лесинг (1729–1781) ја воделе војводската библиотека и ја основале една од првите јавни библиотеки во Европа.[9] Меѓутоа, војводскиот суд на крајот се вратил во Брауншвајг во 1753 година и Волфенбител изгубил од својата значајност. Во текот на Втората светска војна, градскиот затвор станал главно место за убиство на затворениците на Гестапо. Повеќето од нив биле членови на разни групи на отпор.[10] ПолитикаГрадоначалникГрадоначалник на градот Волфенбител од 2006 година е Томас Пинк (CDU). Бил повторно избран во 2014 година со 67,7% од гласовите. Меѓународни односиВолфенител е збратимен со следниве градови:
Главни знаменитости
КултураВолфенбител е дом на неколку катедри на Вишата школа Остфалија[12] и Академијата Лесинг, организација за изучување на делата на Лесинг. Исто така е дом на Долносаксонскиот архив. Седиштетот на Маст-Јегермајстер се наоѓаат во Волфенбител, како и некои од производствените погони. Секоја година од крајот на ноември, Волфенбител има божиќен пазар со храна и пијалаци. Познати личности![]()
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia