Залцгитер
Залцгитер (германски: Salzgitter) — слободен град во југоисточниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, сместен помеѓу Хилдесхајм и Брауншвајг. Заедно со Волфсбург и Брауншвајг, Залцгитер е еден од седумте центри на Долна Саксонија (сличен поим на метрополитенска област). Со 109.142 жители и 223,94 км² (30 јануари 2004 г.), градот е најголем по површината и еден од најголемите во Германија. Залцгитер потекнува од спојување на неколку помали градови и села и денес е составен од 31 место, кои се релативно целосни со широки празнини помеѓу нив. Главната шопинг-улица во младиот град е во округот Лебенштет, додека средишниот стопански дел е во округот Залцгитер-Бад. Градот е поврзан преку Средногерманскиот Канал и страничниот канал на Елба преку растока. Најблиски метрополи се Брауншвајг, околу 23 километри на североисток, и Хановер, околу 51 километар на северозапад. Населението на градот Залцгитер надминало 100.000 жители по основањето во 1942 година. Покрај Волфсбург, Леверкузен и Ајзенхитенштат, Залцгитер е еден од малкуте градови во Германија основани во текот на XX век. Потекло на иметоДо 31 март 1942 година, Залцгитер било име на град каде денес се наоѓа округот Залцгитер-Бад. Оттогаш до 1951 година, Залцгитер било име на округ во градот Ватенштет-Залцгитер кој постоел во тоа време. ВО 1951 година, округот Залцгитер бил преименуван во Залцгитер-Бад; името Залцгитер било слободно, станало ново име за тогашниот град „Ватенштет-Залцгитер“. Денес, Залцгитер-Ватенштет е име на мал округ со стотина жители.[2] ГеографијаЗалцгитер се наоѓа помеѓу Одервалд и Лихтенберге. Низ градот поминува реката Фузе. Градот во насока север-југ се протега 24 километри, додека во насока исток-запад 19 километри. Највисока точка во градското подрачје е 275 метри на Хамберг. Скоро половина од градското подрачје се користи за земјоделство, околу една шестина е пошумено. Друга шестина се користи за станбени, стопански и индустриски цели. Сличен удел заземаат и сообраќајните површини.[3] Соседни општиниСледниве градови и општини се граничат со градот Залцгитер. Почнувајќи од североисток се граничи со (округот Волфенбител е поделен од градот на два дела):
Градски единициГрадското подрачје на Залцгитер се состои од седум окрузи, кои се поделено на 31 градска единици. Секој округ одбира свој совет со свој претседавач. Со површина од 223,92 км² градот е најголем град по површина во Германија. Спротивно на историски развиените градови, кои се развивале во еден центар, овде нема едно јадро. Само Залцгитер-Лебенштет може да се смета за средиште, поради својата големина и местоположба, како и положбата на административните згради. ![]() ![]()
Покрај овие 31 официјална градска единица, кон градот Залцгитер припаѓаат и следниве населби и места, кои поради статистички цели припаѓаат на некоја од претходните единици:
Историја![]() Залцгитер потекнува од почетокот на XIV век околу солените извори близу селото Верпштет (подоцна Фепштет). Името било изведено од соседното село Гитер (денес градска единица), кое означувало „сол близу Гитер“; првото спомнување било во 1347 година. Околу 200 години од производство на сол од различни извори, селаните во областа на денешниот град добиле општински права околу 1350 година, но ги изгубиле кога биле преместени во Војводството Брауншвајг-Линебург на почетокот на XVI век. Подоцна, Залцгитер припаѓал на Епископијата Хилдесхајм. Кога епископијата станала дел од Прусија во 1803 година, општинските права биле повторно потврдени, но повторно му биле одземени во 1815 година, кога Залцгитер станал дел од Кралството Хановер. Во 1830 година била основана бања во Залцгитер. Откако Кралството Хановер станало дел од Прусија во 1866 година, Залцгитер станал пруска општина, која добила права во 1929 година. Претходно, градовите Форзалц и Либенхал биле припоени кон општината (во 1926 и во 1928 година, соодветно). Тогаш, Залцгитер припаѓал на округот Гослар и освен Залцгитер, вклучувал некои мали населби како Гитертор, што е денес дел од Залцгитер-Бад. Во 1936 година, Кништет станал дел од општината; што е дел од Залцгитер-Бад денес. ![]() Поради големите резерви на железна руда во Залцгитер, кои биле првпат спомнати во 1310 година, националсоцијалистите ја основале фабриката „Херман Геринг“ за рударство и производство на железо во 1937 година. Со цел надгледување на непречен развој на топилницата била воспоставена специфична административна структура за целата област. Така, бил издаден „Декрет за областа околу фабриката Херман Геринг во Залцгитер“, стапен во сила од 1 април 1942 година, создавајќи еден градски округ (самостоен град). Поради ова, градот Залцгитер и општините Бајнум, Флахштекхајм, Грос-Манер, Хоенроде, Олендорф и Рингелхајм (7 вкупно, сите припаѓале на округот Гослар) и Барум, Бединген, Блекенштет, Брухмахтерзен, Калбехт, Дрите, Енгелнштет, Енгероде, Гебхардсхаген, Халендорф, Херте, Имендорф, Лебенштет, Лесе, Лихтенберг, Лобмахтерзен, Остерлинде, Репнер, Залдер, Тиде-Штетербург (денес едноставно само Тиде) и Ватенштет (21 вкупно, сите припаѓале на округот Волфенбител) биле споени да го создадат Градскиот округ Ватенштет-Залцгитер (Stadtkreis Watenstedt-Salzgitter). Бидејќи соседната општина Гитер веќе била припоена во 1938 година, младиот град првично се состоел од 29 окрузи во 1942 година. Заедно со остатокот од округот Гослар, денешната независна општина била во рамките на Слободната Држава Брауншвајг. За возврат, Брауншвајг го предал округот Холцминден на пруската Покраина Хановер. Во октомври 1942 година, СС го основале концентрацискиот камп „Дрите“, подкамп на Нојенгаме, за да обезбеди работна сила за фабриката „Херман Геринг“.[6] Овој голем подкамп држел 2.800 затвореници. Имало три концентрациски кампови во Залцгитер. Во текот на војната, Залцгитер претрпел големи штети од неколку американски и британски бомбардирања. По војната, Државата Брауншвајг станала дел од сојузната покраина Долна Саксонија, а Ватенштет-Залцгитер станал самостоен град во административниот округ Брауншвајг. Во 1951 година, градот бил преименуван во Залцгитер, додека округот Залцгитер бил преименуван во Залцгитер-Бад, однесувајќи се на бањата таму. Со административната реформа на Долна Саксонија од 1 март 1974 година, општините Ифинген и Зауинген (порано дел од округот Волфенбител) биле придодадени кон градот, со што бројот на окрузи се зголемил на 31. Железната руда во градот била ископувана до 1982 година; поранешниот коп „Конрад“ било планирано да стане место за јадрен отпад од 1975 година. НаселениеБројките за населението се дадени во однос на тогашната површина, на пр. до 1942 година, современиот четврт Залцгитер-Бад и од 1942 година, за градот Ватенштет-Залцгитер и Залцгитер, соодветно.
Религија![]() Областа на денешниот град првично припаѓала на Епископијата Хилдесхајм. Во 1568 година, во градот стигнала реформацијата. Јужниот дел на градот припаѓал на Евангелистичко-лутеранската црква на Хановер, додека северниот дел на градот припаѓал на Евангелистичко-лутеранската црква на Брауншвајг. Кога градот Ватенштет-Залцгитер настанал (1942), целото градско подрачје било придодадено на државата Брауншвајг, како политички, така и верски. Така, сите парохии на Залцгитер денес припаѓаат на Црквата на Брауншвајг. Католиците, кои повторно се вратиле во градот, припаѓале на Епископијата Хилдесхајм, под која припаѓа градот и денес. Покрај двете големи цркви, постојат и парохии на слободните цркви. Воедно, поради доселувањето на странските работници во текот на 1970-тите години, постојат и неколку џамии. Според пресметките во Залцгитер има највисок процент на муслимански доселеници од сите поголеми градови во Долна Саксонија во 2011 година.[7] ПолитикаПо создавањето на Залцгитер бил поставен државен комесар како привремен градоначалник на градот Ватенштет-Залцгитер. По Втората светска војна, воената влада на британската окупациска зона воспоставила општинска власт како во Британија. Со тоа, постои непосредно избран совет, а Советот бира еден од своите членови за градоначалник (Oberbürgermeister) како предводник и претставник на градот. Покрај тоа, од 1946 година постои и „градски директор“ или претседавач на Градскиот совет. Од 2001 година, овие две титули биле споени во една и денес градот го води само градоначалникот, кој е избиран од граѓаните. Грб![]() Грбот на Залцгитер се состои од сребрена печка зад сребрен врв на ѕид на кој стои постава, чија горна површина е зелена надополнета со два инструменти за сол и чија долна површина е златна и надополнета со црн чекан. На црвената основа зад печката има два житни класови. Грбот го претставува земјоделството, кое е важно за многуте села во Залцгитер, како и индустријата, основата на Залцгитер. Овој грб потекнува од 1951 година. Претходно, градот Ватенштет-Залцгитер има различен грб. Исто така, поранешниот град Залцгитер имал различни грбови од 1854 година. Како многу германски градови, Залцгитер користел лого на градот некое време. Тоа било зелено поле со бел искривен пат кој оди кон коризонтот. Меѓународни односиГрадот Залцгитер е збратимен со следниве градови:
Стопанство и инфраструктураСообраќајПатенНа север од Залцгитер поминува сојузниот автопат А39 од Брауншвајг до раскрсницата Залцгитер, каде може да се вклучиш на автопатот А7 (Касел-Хановер). Источно од Залцгитер поминува патот 395 (Брауншвајг-Гослар). ЖелезничкиЗалцгитер има шест железнички станици. Најважната е во четвртот Залцгитер-Рингелхајм, додека најсредишна е онаа во Лебенштет. Не постои главна железничка станица. Залцгитер-Рингелхајм е сместена на линијата Хале (Зале)-Гослар-Залцгитер-Хилдесхајм-Хановер. Друга линија која води до планините Харц и до Брауншвајг поминува на станицата Залцгитер-Бад. Лебенштет е крајот на локалната линија која доаѓа од Брауншвајг. АвтобускиПостојат три автобуски компании во Залцгитер. Автобуската мрежа е доста важна поради раштрканоста на градот. МедиумиВо Залцгитер се издаваат дневниот весник „Залцгитер-Цајтунг“ и неделникот „Залцгитер-Вохе ам Зонтаг“. Постојат уште и календарот на настани „Залцгитер Сцене“ и електронското списание „Залцгитер-актуел“. Во градот работи и локалната телевизија „ТВ 38“. Важни претпријатија![]()
Јавни установиВо Залцгитер се сместени следни јавни установи:
ОбразованиеОд 1993 година во градот постои одделение на Високата школа Брауншвајг-Волфенбител, на кое може да се студираат повеќе насоки. Другите испостави на високата школа се во Брауншвајг, Волфенбител и Волфсбург. Покрај тоа, постојат неколку гимназии и стручни училишта. Култура и знаменитостиБиблиотеки![]() ![]() Постојат три јавни библиотеки во Залцгитер. Главната библиотека се наоѓа во Лебенштет со 155.000 единици и подружници во Бад (42.000 единици) и Фреденберг (25.000 единици). ТеатарНе постои театар во Залцгитер, ниту некоја зграда се користи како таков. Сепак постојат неколку театарски друштва, кои изведуваат претстави и мјузикли. Музеи
Градби
Други знаменитости![]()
Редовни настани
Познати луѓе![]()
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia