Волфсберг (Тирингија)За други истоимени места, погледајте Волфсберг.
Волфсберг (германски: Wolfsberg) — поранешна општина во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Од 6 јули 2019 година претставува дел од градот Илменау. Местото се наоѓа во јужниот дел на округот, околу четири километри источно од Илменау. Волфсберг бил основан во 1994 година од местата Грефинау-Ангштет, Вимбах и Бихело. Најголемо место е Грефинау-Ангштет, кое било и административно седиште. Името на општината потекнува од истоимениот врв во Тириншката Шума со височина од 527 метри, кој се наоѓа помеѓу трите села. ГеографијаНајниска точка во општинското подрачје е околу 400 метри во долината на Илм кај Грефинау-Ангштет, а највисока точка е истоимениот врв со 527 метри. Најголема река низ општината е Илм, која тече во насока југ-север. Општински единициВолфсберг се состоел од следниве три места:
Соседни општиниВолфсберг се граничел со следниве општини (почнувајќи од север, надесно): Випфратал, Илмтал, Кенигзе-Ротенбах, Герен, Лангевизен и Илменау] Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia