Вонбилансни ставкиВонбилансни ставки (англиски: off-balance sheet items) претставуваат минати или идни сметководствени настани кои, доколку се остварат одредени услови, може да создадат средства или обврски за фирмата. ОсобеностиБилансот на состојбата не дава целосна претстава за финансиската состојба на фирмата, бидејќи еден дел од нејзините активности не е прикажан во овој финансиски извештај. Станува збор за минати или идни настани што може да создадат средства или обврски за фирмата. Бидејќи се работи за условни средства и обврски, што може, но не мора да настанат, тие не се вклучени во билансот на состојбата и затоа се наречени вонбилансни ставки. На пример, ако некоја банка издаде гаранција по барање на нејзин клиент, тогаш тоа создава условна обврска на банката, бидејќи таа ќе треба да изврши некое плаќање, само под услов нејзиниот клиент да не ја изврши неговата обврска. Но, ако клиентот на банката си ја изврши преземената обврска, тогаш гаранцијата не предизвикува никакви ефекти за банката. Меѓутоа, при издавањето на гаранцијата, воопшто не е извесно дали банката навистина ќе треба да изврши одредено плаќање и, оттука, гаранцијата не може да се прикаже во билансот на состојбата како обврска на банката. Затоа, овие ставки се прикажуваат посебно, на крајот од билансот на состојбата, под името „потенцијални средства и обврски“. Сепак, иако не се прикажани во билансот на состојбата, овие активности може да предизвикаат големи ефекти врз работењето на фирмата. Видови вонбилансни активностиВонбилансните ставки претставуваат условни, неостварени средства или обврски кои во иднина може, ама не мора, да предизвикаат појава на средства или обврски. На пример, кај банките се јавуваат следниве видови вонбилансни активности:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia