Банка![]() Банка (англиски: Bank) е финансиска институција чија главна дејност е прибирањето депозити и давањето кредити, како и извршувањето на платниот промет. Банките се најважните учесници во финансискиот систем. Во целиот свет, банките се најзначајните и најголемите финансиски институции, мерено преку нивното учество во вкупните средства на финансискиот сектор. Дефинирање на банките![]() Современите банки претставуваат универзални, повеќеуслужни финансиски институции, бидејќи нивните активности не се ограничени на традиционалните банкарски работи (прибирање депозити и одобрување кредити), туку тие нудат и бројни небанкарски услуги. На пример, банките се присутни на пазарот на капитал, каде што посредуваат во издавањето хартии од вредност и во трговијата со хартии од вредност. Покрај тоа, банките работат како брокери и дилери и на другите финансиски пазари (на пример, на пазарот на пари и девизниот пазар). Исто така, банките управуваат со пензиските фондови, навлегуваат во дејноста на осигурувањето, чуваат разни финансиски и нефинансиски имоти, делуваат на пазарот на недвижности, се занимаваат со финансиско советување итн.[1] ![]()
Одлики на банките![]() Основни одлики на банките се следниве:[4]
![]() Историски развој на банкарството![]() Почетоците на банкарството можат да се најдат во Стара Грција пред повеќе од 2 000 години, кога некои луѓе почнале да се занимаваат со размена на монетите што ги ковале одделни владетели. Подоцна, банкарството се развило и во Стариот Рим, но за време на средниот век настапило големо замирање на банкарските активности, кои биле во спротивност со црковните сфаќања. До повторно заживување дошло во времето на ренесансата, кога во Италија се појавиле првите банки во вистинска смисла на зборот, т.е. банки што примале депозити од богатите луѓе и им одобрувале кредити на трговците. Подоцна, во текот на 16 век и 17 век, средиштето на банкарството се преместило во северна Европа и во Британија, а потоа, пресудно значење во неговиот развој имала индустриската револуција. Инаку, зборот банка потекнува од италијанскиот збор „banca“ и од старофранцускиот збор „banque“, кои означуваат клупа, табла, т.е. маса. Имено, првите претходници на банките биле луѓето кои се занимавале со размена на монети – активност што вообичаено се извршувала на една мала масичка или табла.[5] Функции на банкитеБанките имаат централна улога во економскиот систем, бидејќи извршуваат некои активности, кои се од витално значење за функционирањето на економијата. Банките извршуваат неколку важни функции:[6][7][8]
Финансиско посредувањеБанките претставуваат финансиски посредници (financial intermediaries), односно, ги поврзуваат економските агенти (луѓето и институциите), кои се наоѓаат во различна финансиска положба, т.е. оние со вишок и оние со кусок на финансиски средства. Притоа, банките ги прибираат средствата од економските агенти со вишок, а им позајмуваат на оние со кусок на финансиски средства. Извршувајќи ги депозитната и кредитната функција, банките им нудат на штедачите и на позајмувачите на средствата некои погодности, кои не се присутни на финансискиот пазар. Така, на економските единици со финансиски вишоци, банките им овозможуваат да вложуваат финансиски средства со различни износи. Во продолжение, депозитите на населението кај банките се осигурени до одреден износ, така што дури и да пропадне банката, штедачите нема да ги изгубат вложените пари. Исто така, банките нудат високоликвидни финансиски инструменти, што значи дека клиентите можат во секое време да ги подигнат вложените финансиски средства, и тоа по номиналниот износ. Најпосле, банките го решаваат проблемот на информациска асиметрија (informational asymmetry) помеѓу економските единици со вишок и со кусок на финансиски средства.[9][10] Платен прометЕдна од најважните функции на банките е посредувањето во плаќањата меѓу населението, претпријатијата и државните институции. Во тој поглед, банките имаат централна улога во економскиот систем, зашто ефикасното извршување на плаќањата меѓу економските агенти претставува неопходен предуслов за функционирање на економијата. Во платниот промет, банките ги снабдуваат луѓето и претпријатијата со готови пари, издаваат чекови и ги обработуваат плаќањата, извршени со нив, и вршат електронски пренос на парите меѓу сметките на населението и правните лица.[11][12] Монетарна политикаЕдна од клучните одлики според која банките се разликуваат од другите финансиски институции е тоа што тие се дел од монетарниот систем на земјата, т.е. обврските на банките кон своите клиенти претставуваат дел од паричната масa. Посебното место на банките во однос на другите финансиски институции се изразува во тоа што тие учествуваат во создавањето на паричната маса, односно можат да ја зголемат паричната маса. Банките ја спроведуваат оваа функција извршувајќи ги своите секојдневни активности, т.е. преку кредитирањето. Кога банките им одобруваат кредити на своите клиенти, одобрените кредити се појавуваат во билансите на банките како нови депозити, под услов клиентите да не ги повлечат средствата во вид на готови пари. Имајќи предвид дека депозитите кај банките се дел од паричната маса, излегува дека со самото одобрување на кредитите, банките успеале да создадат нови пари, т.е. да ја зголемат паричната маса во економијата. Овој процес на создавање дополнителни пари преку процесот на кредитирањето се нарекува кредитна мултипликација. Токму заради способноста на банките да создаваат пари, односот на државата кон нив е различен во споредба со другите финансиски посредници.[13][14] Други услигиБанките им ги нудат бројни финансиски услуги на своите клиенти:[15][16][17]
Видови банкиПоделбата на банките може да се изврши според повеќе критериуми, како што се: сопственоста, рочноста на одобрените кредити, според регионалниот критериум, според критериумот на прибирање парични средства за нивните деловни потреби итн. Според последниот критериум, може да се направи следнава категоризација на банки:[18]
Емисиони или централни банкиПод овие имиња се јавуваат оние привилегирани банкарски институции кои се задолжени за регулирање на количеството пари во оптек и за вредноста на домашната валута, за ликвидноста на банкарскиот систем и пошироко за ликвидноста на земјата во внатрешниот и во надворешниот платен промет.[19] Во денешно време, централните банки ги имаат следниве основни функции:
Централните банки се разликуваат од земја до земја, во поглед на горенаведените функции и нивната содржина. Тоа зависи од различниот степен на стопанската развиеност, разликите во општественото уредување, различниот степен на развиеност на финансиската структура, разликите во банкарскиот систем, разликите што се јавуваат во областа на законодавството и сл.[21] Депозитни или комерцијални банкиДепозитните или комерцијалните банки заземаат најголемо место во структурата на банкарскиот систем на една земја. Тие се занимаваат со мобилизирање на депозитите од оние правни и физички лица кои имаат слободни парични средства и нив ги пласираат во краткорочни кредити на оние правни и физички лица кои имаат потреба.[22]
Универзални банкиТоа се оние банки кои се занимаваат со сите видови банкарски работи. Денес, во светот преовладуваат ваквите банки. Преориентацијата во банкарството, од специјализирани кон универзални се наметна како резултат на современите односи во движењата на индустрискиот капитал во светот и, воопшто, со развојот на светското стопанство. Имено, современото општество, кое оправдано се нарекува кредитно стопанство затоа што парите и кредитите станаа составен дел на севкупната репродукција, има потреба од таков тип банка која ќе дава комплетни банкарски услуги, односно која ќе биде универзална во своето работење.[24] Инвестициони банкиИнвестициона банка е онаа чија главна дејност е работењето со хартии од вредност, како што е откупот на хартии од вредност кои ги емитираат корпорациите и други субјекти и нивна препродажба на секундарниот пазар на хартии од вредност. Тие, исто така, се јавуваат и во улога на брокери и дилери на пазарот на капитал.[25] Фунциите на инвестиционите банки се:
Деловни банкиДеловните банки се производ на развиениот капитализам. Тие располагаат со голем сопствен капитал и обично се наоѓаат во метрополите на капиталистичките земји. Тие доаѓаат до средства преку здружување на капиталот од разни индустриски концерни и картели. Кај овие банки до израз доаѓа поврзаноста на интересите на финансискиот и индустрискиот пазар. По правило, овие банки немаат филијали. Ваквите банки се главни носители на финансирањето на големите индустриски корпорации со кои се развиваат тесни деловни врски. Исто така, тие даваат и советнички услуги за разни инвестициски проекти, за донесување на најоптимални инвестициски одлуки. Деловните банки се многу активни и на меѓународниот пазар на капитал.[30] Специјализирани или грански банкиОд името на овие банки може да се заклучи дека тие одобруваат кредити на одделни гранки или области во стопанството. Во светот, овие банки се познати особено кога е во прашање финансирањето на земјоделството, индустријата, надворешната трговија, прометот и сл. Нивно главно својство е тоа што кај нив се постигнува висока специјализација во работењето, поголема хармонизација на членовите на банката (тие се од иста гранка или област) и се надминува теритoријалната затвореност во движењето на банкарските средства.[23] Развојни банкиВо развојот на банкарството посебно место имаат банките за долгорочно кредитирање на стопанскиот развој. Потребата за проширена репродукција и осигурување на средствата за нејзино финансирање се наметна со особена сила, особено со почитувањето на капиталистичкиот начин на производство, од кога и дејствуваат специјализираните банки, односно развојните банки. Развојните банки може да се сретнат и под други имиња, како инвестициони, индустриски, финансиски, хипотекарни и сл. Развојните банки одобруваат долгорочни кредити од акумулираните штедни депозити, кои се орочени во банката за подолг рок. Со одобрувањето на долгорочни кредити врз основа на орочените депозити не се создава нова парична маса, туку само се врши прераспределба на веќе создадената акумулација. Развојните банки покрај домашната акумулација често користат и странска акумулација, како извор на финансирање на одделни развојни програми. Овие банки се особено карактеристични за земјите во развој, каде што најчесто се основаат со поддршка на државата.[31] Регионални банкиОд самото име може да се заклучи дека се работи за банки кои работат на одреден регион, односно територија. Постојат регионални банки кои прибираат депозити и доделуваат кредити на субјекти од одреден регион во рамки на една земја и во рамки на одреден регион кој се протега во повеќе земји. Овие последниве се нарекуваат Меѓународни регионални банки. Најпознати вакви банки се: Европската инвестициона банка, Африканската банка, Азискaта банка за развој итн.[32] Моно-банкиДоколку во една земја постои само една банка, велиме дека во таа земја има монобанкарски систем. Во оваа банка се споени сите банкарски функции. Ваквата банка, во исто време е и централна банка и деловна банка, затоа што таа емитува пари, им дава краткорочни и долгорочни кредити на стопанството и на населението и го врши внатрешниот и меѓународниот платен промет.[32]
Мултинационални банкиИндустриската револуција и примената на најсовремената техника и технологија во процесот на производство бараат, од своја страна, висока концентрација на банкарски капитал и развиена соработка во банкарското работење. Класичните коресподентски односи помеѓу банките од одлени земји станаа претесни и несоодветни на современите барања за концентрација на капиталот во меѓународната размена. За да одговорат на новите барања, банките го концентрираат капиталот преку формирање на банкaрски конзорциуми и мултинационални банки. Банкарските конзорциуми се формираат за финансирање на одредени проекти, а мултинационалните банки за извршување на сите форми на банкарско работење. Мултинационалните банки имаат широка филијална мрежа речиси низ целиот свет.[33] Современи трендови во развојот на банкитеДерегулацијаТрадиционално, државата, преку бројни закони и други правни прописи, го регулира работењето на банките. Тоа е мотивирано од желбата да се заштитат паричните средства на јавноста, како и од грижата за зачувување на стабилноста на банкарскиот систем. Меѓутоа, во настојувањето да го заштитат јавниот интерес, регулаторните органи западнале во друга крајност, поставувајќи бројни ограничувања во работењето на банките. Оттука, од крајот на 1970-тите, присутен е глобален тренд на дерегулација (deregulation), при што овој поим означува процес на отстранување на постојните правни прописи со кои се ограничува работењето на банките. Во прв ред, процесот на дерегулација подразбира отстранување на прописите со кои се ограничуваат услугите што можат да ги нудат банките. Со тоа, на банките им се овозможува да извршуваат некои небанкарски активности, ко претходно им биле забранети, од типот на брокерските услуги и инвестициското банкарство.[34][35] КонкуренцијаЕден од најзначајните трендови во современото банкарство е конкуренцијата што банките ја трпат од небанкарските финансиски посредници, како и од нефинансиските организации. Притоа, конкурентите немилосрдно навлегуваат на пазарите на кои традиционално доминирале банките. На пример, во 1970-тите, инвестициските банки започнале да нудат финансиски инструменти кои се многу слични на банкарските депозити, како што се: инвестициски фондови на пазарот на пари (money market mutual funds), сметки за управување со парите (cash management accounts) итн. Исто така, како сериозна конкуренција на орочените депозити во банките се наметнуваат рентите (annuities) што ги продаваат осигурителните друштва. На пазарот на кредити, како сериозни конкуренти на банките се јавуваат друштвата за финансирање (finance companies), а освен тоа, големите претпријатија можат да позајмуваат директно на финансиските пазари.[36][37] Како последица на зголемената конкуренција од страна на небанкарските финансиски посредници, во земјите со развиена финансиска структура се забележува тренд на намалување на релативното значење на банките во финансискиот систем. На пример, во САД, учеството на банките во вкупните средства на финансиските институции опаднало од 40% во 1960 година на само 18% во 2007 година.[38]. КонсолидацијаЕден од најважните трендови во банкарството во последните неколку децении е процесот на консолидација на банкарскиот сектор, кој означува окрупнување на банките. Консолидацијата се одвива на два основни начина:
Како последица на консолидацијата на банките, во секоја земја постои тренд на намалување на бројот на банките. На пример, меѓу 1984 и 2007 година, бројот на банките во САД опаднал од 14 482 на 7 282. Овој тренд е присутен и во ЕУ, каде за само неколку години (2001-2006), бројот на кредитните институции се намалил од 9 747 на 8 609, при што се забележани речиси 600 спојувања и преземања на кредитни институции.[39] ГлобализацијаПоимот глобализација (globalization) означува поврзување на одделните национални пазари во единствен меѓународен пазар. Глобализацијата во банкарството се изразува низ повеќе форми: На пример, банките од една земја стануваат сопственици на банките во странство; домашните претпријатија сè повеќе се задолжуваат во странски банки, т.е. земаат кредити, изразени во странска валута; преку интернет, луѓето од една земја можат слободно да вршат плаќања во други земји; големите претпријатија издаваат хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал; банките отвораат филијали и други организациски единици во странство итн.[40] Финансиски новиниЕден од најзначајните фактори во развојот на банките се финансиските новини (financial innovation). Овој израз го означува менувањето на постојните и создавањето нови финансиски инструменти, трансакции, организациски форми, пазари и институции. Од своја страна, финансиските новини се поттикнати од повеќе фактори, како што се: зголемената конкуренција, процесите на регулација и дерегулација, и технолошкиот прогрес.
Технолошки факториБрзиот развој на информациската и комуникациската технологија се јавува како еден од најсилните фактори во работењето на банките. Традиционалните банкарски работи, кои со векови подразбирале личен контакт меѓу банкарските службеници и клиентите, денес се извршуваат со помош на информациската технологија. Така, речиси во секоја продавница постојат продажни терминали (point-of-sale terminals, POS), кои овозможуваат купување со кредитни и дебитни картички; на прометните места банките поставуваат банкомати (automated teller machines, ATMs), преку кои луѓето подигаат готови пари; луѓето и фирмите од своите домови и канцеларии, со помош на компјутер или мобилен телефон, можат да ја проверат состојбата на сметките и да вршат разни плаќања итн. Појавата на интернетот доведе до појава на интернет-банките, кои се невидливи банки, бидејќи немаат деловни згради, филијали, експозитури и шалтери и речиси немаат вработени.[42] Институционална основа на банките во МакедонијаВо Македонија, според Законот за банките, за да се основа банка е потребен почетен капитал во износ од 310.000.000 денари, којшто мора да биде само во паричен облик и да биде уплатен во целост. Дозволата за основање и работа на банките ја издава гувернерот на НБРМ. Банката стекнува својство на правно лице со уписот во трговскиот регистар што се води кај Централниот регистар. Кон пријавата за упис во трговскиот регистар се поднесуваат:[43]
Банката како тема во уметноста и во популарната култура
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia