Војводина
Војводина — автономна покраина во рамките на Република Србија. Нејзин главен град, а воедно и најголем град во Војводина е Нови Сад. Војводина е со мешан етнички состав, повеќе од 26 различни етнички групи и 6 службени јазици.Војводина има околу 2000000 жители, од који најмногу се Срби (65%-70%), потоа Унгари (14%), Словаци (2,79%), Хрвати (2%), Југословени (2%), Црногорци (1,80%), Буњевци (1,50%), Македонци во Качарево, Јабука, Пландиште и Зрењанин и други националности. Религија: Православни 70%, Католици 17%, Протестанти 3,50% и други ![]() Историја![]() Со крајот на Првата светска војна, Австроунгарското Царство се распаднало. На 29 октомври 1918, Срем станал дел од Државата на Словенците, Хрватите и Србите. На 31 октомври 1918, била прогласена Банатска Република во Темишвар. Унгарската влада ја признала нејзината независност, но тоа траело кратко. На 25 ноември 1918, Големиот народен собор на Србите, Буњевците и другите Словени во Банат, Бачка и Барања во Нови Сад го прогласило обединувањето на Војводина (Банат, Бачка и Барања) со Кралството Србија (Соборот броел 757 делегати, од кои 578 биле Срби, 84 Буњевци, 62 Словаци, 21 Русини, 6 Германци, 3 Шокци, 2 Хрвати и 1 Унгарец). Еден ден претходно, на 24 ноември, во Рума било прогласено обединувањето на Срем со Србија. На 1 декември 1918, Војводина (како дел од Кралството Србија) официјално станала дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Помеѓу 1929 и 1941, регионот бил дел од Дунавската бановина. Нејзино седиште бил Нови Сад. Галерија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia