Вранина тврдина
Вранина тврдина (грчки: Βρανόκαστρο, Вранокастро или Κάστρο Παλαιοχωρίου) — античка и средновековна одбранбена тврдина кај селото Палихор, Правишко, Егејска Македонија.[1] МестоположбаУтврдувањето се наоѓа на рид во североисточните пазуви на планината Кушница, источно од с. Палихор.[1] ИсторијаТврдината е наречена по византискиот војсководец Алексиј Врана, кој ја обновил во XII век. Месното предание ја поврзува со Александар Македонски и затоа го носи другото име „Тврдина на Александар Македонски“ (Κάστρο του Μ. Αλεξάνδρου).[1] Изградена е од македонската држава за заштита на златните рудници во околината, кои учествувале во финансирањето на походите на Александар Македонски во Азија. По исцрпувањето на наоѓалиштата, таа е напуштена.[1] Во римскиот период замокот понекогаш се користел како стражарска испостава, но постепено излегол од употреба.[1] Во 1185 г. византискиот војсководец Алексиј Врана ја обновил тврдината, ѝ го зајакнал утврдувањето и поставил гарнизон. Овојпат таа немала улога на рудници, кои повеќе не постоеле, туку да ги контролира преминот и патот меѓу венецот Кушница и езерото Прасијада, кое тогаш ја опфаќало денешната рамница на Филипи. Во 1383 г. тврдината е освоена од Османлиите. Според месно предание, опсадата траела четириесет дена.[1] Во Горниот град на тврдината има мал параклис посветен на Свети Тодор. За празникот Тодорица жителите на Палихор и пошироката околина одат таму на поклоление.[1] Галерија
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia