Кушница
Кушница или Кушиница (грчки: Παγγαίο, Пангео, по старо: Κουσίνιτζα, Кусиниѕа[1]) — планина во источниот дел на Егејска Македонија, од веднаш над помалиот град Правишта и на околу 12 км на исток од Кавала. Во антиката, планината се нарекувала Пангеј, од каде во поново време е преземено и денешното грчко име. На турски се Кушница се нарекувала Прнар Даг. Географија![]() ![]() ![]() Планината е сместена во источниот дел на Егејска Македонија и има издолжен облик во правец североисток-југозапад. По неа минува границата на општините Кушница (Пангео) во областа Источна Македонија и Тракија од југ и општината Ениќој (Амфиполи) во областа Централна Македонија од север. Највисок врв е Козница, (грч. Дионисос или Мати), висок 1.956 м[2], по кој следи Пилаф Тепе (1.870 м)[1]. Планината е долга од 10 до 15 и широка од 5 до 10 км. Составена е од мермер, кристалести шкрилци, песочник, чакал и многу малку гранит.[3] На север реката Драматица (Ангитис) ја дели Кушница од планината Сминица (Меникио) и Серското Поле, а од југ реката Лаџа (Мармара или Ксиропотамос) ја дели од планината Лути Рид (Символо), која се наоѓа на беломорскиот брег. Населени места и знаменитостиНа северното подножје на планината се сместени населените места Провишта (Палеокоми), Радулево (Родоливос), Кормишта (Кормиста), Никишјан (Никсиани), а на северното пак, Правишта (Елевтеруполи), Муштени (Мустени) и Подгорјани (Подохори). На Кушиница има два големи манастира. На северните падини се наоѓа Кушничкиот манастир „Св. Богородица Косиница“, чиј иконостас е изработен од дебарската тајфа на чело со Петре Филиповски. На источните падини кај остатоците на стариот дел на селото Дреново е сместен манастирот „Богородица Кушничка“. Кушница во историјатаВо антиката Пангеј го споменува уште Херодот[4] како планина со златни и сребрени рудници на тракиските племиња Сатри, Пиери и Одоманти, како и во Есхиловото дело „Персијци“[5] и Еврипидовото дело „Рез“, каде се вели дека тракискиот цар Рез е владетел на „златниот Пангеј“ со безброј рудници.[6] Поради ова, Пангеј претставувал клучна стопанска област во древна Тракија и мошне посакуван од Тракијците, Македонците и Грците.[7] Французинот Пјер Белон го споменува постоењето на железни рудници на Кушница во 1553 г.[8] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia