Врастенска кула
Врастенска кула (грчки: Πύργος Βρασνών) — средновековна одбренбена кула во селото Враста, Лагадинско, Егејска Македонија.[1][2] ИсторијаКулата се наоѓа во источниот дел на селото, во дворот на црквата „Св. Ѓорѓи“. Изградена е во XV век. Селото Враста се споменува во светогорски документи. Во 1300 г. принадлежи към катепанатот Стибан (Стефанина), а подоцна од катепанатот Рендина. Кулата веројатно го штитела патот од Халкидик кон долината на Струма.[1] АрхитектураГрадбатае трикатна кула со покрив, од кои денес опстанале првиот и делумно третиот. Зачувани се остатоци од дрвениот под на вториот кат и од оџак. Зафаќа околу 50 м2 (7 × 7,30 м). Дебелината на ѕидовите постепено се намалува нагоре до 2,4 м. Кулата е изградена од недялани камења од околината и зајакната со потпори (0,80 × 1,20 м), и со тоа е случна на други палеолшки кули на ова подрачје — Галачишката, Светивасилска, Мариината, Кучоската и светогорските кули.[1] Во 1980-тите години и во 1997 г. се извршени конзервациски работи.[1] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia