Галачишка кула
Галачишка кула (грчки: Πύργος της Γαλάτιστας) — средновековна одбранбена кула на Халкидичкиот Полуостров, во центарот на гратчето Галачишта, Касандриско, Егејска Македонија. Кулата е изградена в XIII – XIV век во венецијански стил. Кулата во Галачишта личи на Врастенската кула, Светивасилската, Милутиновата во светогорскиот манастир „Хиландар“, Пиргудиската во метохот Пиргудија и на Хрељовата во Рилскиот манастир. Имала улога на утврдена стражарска кула, а можеби и како затвор. Испраќала пораки на полските села со светлосни сигнали на ридовите (тумбите) околу нив. Кулата е моќна правоаголна градба изградена на рид. Изработена е од камен наречен „курана“. Од секоја страна има долг тесен процеп и мали прозорци. Внатре има дрвени скали кои водат до мали одаи со прозорци.[1][2] Според едни извори, кулата ја изградиле самите Венецијанците, а според други, таа е од времето на династијата Палеолози. Во 1981 г. е прогласена за заштитен споменик на културата.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia