Бразилскиот гимнастичар Артур Маријано изведува вежба на вратило во преднатпреварите на Младинските олимписки игри 2010 година во Сингапур.
Вратило[1][2] — гимнастичка справа во облик на тркалезна челична шипка, закачена на два столба[3] на висина од 225 од подот. ↓ б1 Притоа, еластичната попречна шипка е долга 240 см и нејзиниот пречник изнесува 2,8 см.[4]
На вратилото гимнастичарите[5] ја изведуваат истоимената вежба во која изведуваат поврзани и чисти елементи на нишање при кои не смеат да ја допрат шипката со телото. Гимнастичарот мора да покаже промени во неговиот фат за време на изведбата, замавнувачки движења напред и назад, елементи на лет при кои ја ослободува и повторно ја фаќа шипката. Доскокот од справата е важен дел од севкупната изведба и го претставува последниот составен дел на вежбата. Скокот има акробатски обележја.[6]
Вратилото е шеста, последна справо во гимнастичкиот повеќебој. Се нарекува и „кралска дисциплина“ бидејќи вежбите кои се изведуваат на неа се многу привлечни.[7] Така, во летечките делови на вежбата, гимнастичарите можат да достигнат висина од 5 метри.[7] За особените промени во стисокот за време на вежбите, потребна е флексибилност на рацете и рамениот појас.[8]
↑б1 Некаде се наведуваат и 260[7] или 275 сантиметри[8] додека брошурата Apparatus Norms на Меѓународната гимнастичка федерација (FIG-a) наведува 278 сантиметри, ако се вклучи струњачата од 30 сантиметри.
↑Članak "Općenito o MSG" (Muškoj športskoj gimnastici) na stranicama Hrvatskog gimnastičkog saveza: http://hgs.hr/opcenito-o-msg/ (pristupljeno 3. siječnja 2018.)