Враќање на блудниот син (Рембрант)
Враќање на блудниот син (холандски: De terugkeer van de verloren zoon ) — славно ремек-дело на барокниот сликар Рембрант ван Рајн од 1642 година. ОписОваа слика е последна во серијата верски слики и последно големо дело со ликови во природна големина. Ова е и едно од неговите најтрогателни дела кое прикажаниот миг го развлекува во вечност. Имено, наметнато е такво расположение на нежна тишина така што на гледачот му се чини дека му припаѓа на ова друштво [1]. Таа врска е можеби посилна и поинтимна отколку во кое било од неговите претходни дела. Имено, уметниците од 17 век често истражувале различни делови од животот Блудниот син, што честопати било прикажано како го троши своето наследство на пијалаци и жени. Како што тоа го сторил самиот Рембрант во Блудниот син во бордел во 1637 година, каде што самиот се претставил како блудниот син. Но, тука е прикажан моментот кога ги снемало парите и синот, осиромашен и обесчестен, се враќа дома каде нашол прегратка за добредојде. Како што е забележано во Новиот завет: ![]()
На Рембрантовата слика, разбирањето за кое требал цел живот за да се развие, постигнува единствен израз на тага и прошка [1]. Сликата многу се разликува од неговиот претходен бакропис од 1636 година, во кој тој ја портретирал истата тема. Повторно, блудниот син е прикажан како клечи пред нозете на неговиот татко, а главата му е потпрена на градите на старецот, но таткото сега е мирен, неговиот израз е мирен и полн со родителска љубов и прошка. Неговите раце, кои во исто време го прегрнуваат и благословуваат неговиот син, се бесконечно експресивни. Набљудувачите на сликата, нурнати во темнината десно и во позадина, не го одвлекуваат вниманието од главната тема.[4]. Се чини дека Рембрант ги одделува од таткото и синот кои ги осветлува божествената светлина на покајанието и простувањето, додека тие се во сенка на недоразбирање и осуда. Наводи и забелешки
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia