Еврејска невеста
Еврејска невеста (холандски: Het Joodse bruidje) ― слика од Рембрант, насликана околу 1665-1669 година.[1] Сликата го добила своето сегашно име на почетокот на 19 век, кога еден собирач на уметнички дела од Амстердам ја идентификувал темата како онаа на татко Евреин кој и подарил ѓердан на својата ќерка на денот на нејзината венчавка. Ова толкување повеќе не е прифатено, а идентитетот на двојката е неизвесен.[2] Двосмисленоста е зголемена поради недостатокот на анегдотски контекст, оставајќи ја само средишната универзална тема, онаа на двојката кој е споен во љубовта.[3] Шпекулативните предлози за идентитетот на двојката се движеле од синот на Рембрант, Титус и неговата невеста, или амстердамскиот поет Мигел де Бариос и неговата сопруга. Исто така, се разгледуваат неколку двојки од Стариот завет, вклучувајќи ги Авраам и Сара, Воз и Рут или Исак и Ревека, што е поддржано со цртеж на уметникот неколку години претходно.[4] Додека техничките докази предложубваат дека Рембрант првично замислувал поголема и поелаборирана композиција, поставувањето на неговиот потпис долниот лев агол покажува дека неговите сегашни димензии не се значително различни од оние во моментот на неговото завршување.[5] Според животописецот на Рембрант, Кристофер Вајт, завршената композиција е „еден од најголемите изрази на нежното спојување на духовната и физичката љубов во историјата на сликарството“.[6] Сликата се наоѓа во постојаната збирка на Државниот музеј во Амстердам.
Наводи
Дополнителна книжевност
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia