Време без војна (филм)
Време без војна — македонски игран филм од 1969 година според сценариото на Симон Дракул, во режија на Бранко Гапо[1]. Филмот дава драматична слика за распаѓањето на македонското село[1]. Модерно конципираната режија, документаристичката фактура на фотографијата и метафоричката монтажа го поставуваат во кругот на еден од естетички најсмелите, најквалитетни и најоригинални македонски филмови[1]. СодржинаФидан е млад човек кој живее и работи во градот[2]. Неговиот татко Дичо, селанец и борец во војната и во револуцијата, по војната ја застапува идејата за колективизација и индустријализација на селото[2]. Искрено верувајќи и работејќи на тоа, Дичо се судрува со повеќето од селаните, но најжестоко се конфронтира со својот добар пријател, соборец и побратим Лазар[2]. По пропаѓањето на задругарството, Дичо заминува од селото. По неговата смрт Фидан, исполнувајќи ја татковата желба, го погребува во родното село. Престојувајќи таму, Фидан се обидува да се пронајде себеси во новата средина, во новиот ангажман со сточарството, кој за него значи голем предизвик, како и во контактите со нови лица[2]. Тука доживува и нова љубов со девојката Благуна, ќерка на Лазар, која наскоро станува негова жена. Иако изложен на недовербата на соселаните, Фидан со сиот елан се занимава со одгледувањето на овците. Но, законите на пазарот се немилосрдни и во тие услови не е можна реализација на неговата замисла. Враќањето на Фидан на татковото огниште не му го донесува бараниот мир ниту, пак, нова содржина во животот[2]. Награди
Надворешни врскиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia