Кирил Ќортошев (Ќустендил, 14 февруари 1922 - Скопје, 11 мај 2003) — македонски филмски, театарски и телевизиски глумец и режисер.[1]
Животопис
Ќортошев е роден 14 февруари 1922 година во Ќустендил, Бугарија. Од октомври 1945 година станал член на Македонскиот народен театар, каде што, со прекини, поминал 32 години професионален ангажман. Дел од уметничката кариера ја поминал и во Драмскиот театар. Во 1965 година ја добил наградата „13 Ноември“ што ја доделува Град Скопје. Потоа следувале награда за најдобро глумечко остварување на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ за улогата на Тате во претставата „Макавејските празници“ (Прилеп, 1983); Награда за животно дело на МТФ Војдан Чернодрински (Прилеп, 1996)
Филмографија
Театарски претстави
Поважни театарски улоги во претставите:
- Вратар – („Неспокојна старост"), р. Димитар Ќостаров (1949);
- Префектот – („Смртта на Губернаторот"), р. Димитар Ќостаров (1962);
- Харберт – („Физичари"), р. Крум Стојанов (1963);
- Марокански кнез („Венецијанскиот трговец"), р. Хуго Клајн (1970);
- Ајре Рејб – („Зајдисонце"), р. Бранко Ставрев (1971);
- Аџи Тома („Коштана"), р. Петре Прличко (1971);
- Коле – („Под пирамидата"), р. Илија Милчин (1971)
- Грофот од Глостер – („Крал Лир"), р. Вукан Диневски (1972);
- Назар – („Децата на сонцето"), р. Илија Милчин (1973);
- Аритон – („Ѕидот и водата"), р. Бранко Ставрев (1973);
- Захарија – („Загубеното писмо"), р. Томче Стојков (1975);
- Американецот – („Крчма под зелено дрво"), р. Владимир Стрниско (1976);
- Капетан Лебјаткин – („Бесови"), р. Илија Милчин (1978);
- Д-р Далменезо – („Череп"), р. Кемал Лила, (1980);
- Савелја – („Војна и мир во Груда"), р. Благоја Еракович (1981);
- Селанец – („Милион маченици"), р. Петре Прличко, (1981);
- Дорант – („Граѓанинот благородник"), р. Димитар Христов (1982);
- Чорбаџи Миладин („Сомнително лице"), р. Димитар Ќостаров (1982);
- Спасе – („Кршалкнига"), р. Бранко Ставрев (1983);
- Доктор – (Воена тајна), р. Душан Наумовски (1984);
- Шабељски – (Иванов), р. Бранко Ставрев (1985);
- Дедо Костадин – (Рамна земја), р. Владимир Милчин (1985);
- Советник – (Гуштерица), р. Евгениј Лазаров (1986):
- Докторот – (Големиот брилијанѕен валцер), р. Бранко Ставрев (1986);
- Осип – (Ревизор), р. Бранко Ставрев (1987);
- Селанец – („Чорбаџи Теодос"), р. Петре Прличко (1987);
- Сорин – (Галеб), р. Бранко Ставрев (1990);
- Грофот – („Бунт во домот за старци"), р. Бранко Ставрев (1994).
Наводи
- ↑ Стефановски, Ристо (1998). Летопис на македонската драма и на театарот во Македонија. Дирекција за култура и уметност.
Надворешни врски