Време во Нов Зеланд
Нов Зеланд има две часовни појаси. Главните острови користат новозеландско стандардно време (NZST), 12 часа понапред од координираното универзално време (UTC), додека пак оддалечените Четемски Острови користат четемско стандардно време (CHAST), 12 часа и 45 минути пред UTC. Во текот на летото (точни датуми подолу) се практикува летно сметање на времето кога часовниците се поместуваат за еден час нанапред. Така, новозеландското летно време (NZDT) е 13 часа понапред од UTC, а Четемското летно време (CHADT) е 13 часа и 45 минути понапред од UTC. Росовата Зависност на Антарктикот го следи новозеландското време (NZST/NZDT), заедно со станиците Мекмердо и Амундсен-Скот. Покрај ова, Нов Зеланд има зависни територии со две различни часовни појаси кои лежат на другата страна од меѓународната датумска граница:
Летно сметањеЗапочнувајќи од 2007 г. во Нов Зеланд летното време започнува од последниот ден недела во септември до првиот ден недела во април. СтандардиСтандардот за време во Нов Зеланд е во надлежност на Лабораторијата за мерни стандарди, дел од претпријатието Industrial Research Limited. Точното време се прогласува на повеќе начини, како емитување на тонови на Радио Нов Зеланд, точно време по телефон и мрежен временски протокол (NTP). БелешкиНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia