Парламент на Нов Зеланд
Претседател на Парламентот на Нов Зеланд e Локвуд Смит од Националната партија, кој стапил на функција на 9 декември 2008. Парламентот е сместен во Велингтон, главниот град на државата уште од 1865 г. Моментално заседава новиот 49ти новозеландски парламент (ноември 2008). ИсторијаПарламентот бил создаден од страна на Велика Британија, со Законот за самоуправа на Нов Зеланд од 1852 г. кој поставува дводомно законодавство. Меѓутоа во 1951 горниот дом, т.е. Законодавниот совет бил укинат, па така денес законодавството е еднодомно. Во 1947 парламентот добил целосна власт над сите работи во државата, со Законот за прифаќање на Вестминстерскиот статут. СуверенитетПарламентот на Нов Зеланд ужива суверенитет, што значи дека не постои ниедна институција што може да ги отфрли или поништи неговите донесени одлуки. Моќта на парламентот да дејствува е законски неограничена. Законот за Новозеландската декларација за правата е нормална законодавна одлука, но не и виш закон. Парламентот е ограничен во: продолжувањето на својот мандат, решавањето за тоа кој има право на глас, како се гласа (по пат на тајно гласање), како земјата се дели на избирачки места, како и на составот на Комисијата за претставништво која одлучува за избирачките места. Овие прашања бараат 75% од парламентарците да го поддржуваат предлог-законот (Bill), или пак се решаваат по пат на референдум. Меѓутоа и овие правила се донесени со нормален парламентарен акт. Институции во парламентотПретставнички домПретставничкиот дом на Нов Зеланд е единствениот дом на парламентот од 1951 г. Тој се бира на општи парламентарни избори секои 3 години, со осумнаесет одбрани комитети кои ја надгледуваат легалноста на изборите. Во рамките на претставничкиот дом, за еден предлог да стане закон, тој мора да помине низ три читања и да се разгледа од одбран комитет и комитетот на целиот дом. Горен дом (до 1951.)Новозеландскиот парламент нема горен дом; тој е еднодомен. До 1950 постоел горен дом, тнр. Законодавен совет, и постојат повремени сугестии повторно да се воведе дводомниот систем. Законодавниот совет бил создаден со цел да ги иследува, контролира и корегира предлог-законите донесени од Претставничкиот дом, иако истиот не можел да иницира законодавни процедури и да менува финансиски закони. Покрај повремени предлози од страна на избран совет, членовите на законодавниот совет биле назначувани од гувернерот, обично по препорака на премиерот. Отпрвин членовите на законодавниот совет биле избирани доживотно, но во 1891 г. тоа било намалено на 7 години служба. Подоцна било решено дека законодавниот совет не игра значајна улога во законодавството, и дека мандатите на членовите истекуваат на 31 декември 1950. Советот имал 54 члена, вклучувајќи и свој претсдател. Кралско одобрениеАко предлогот помине низ три читања, тогаш службеникот на претставничкиот дом му го предава на генералниот гувернер, кој дава кралско одобрение (Royal Assent) како чиста формалност. Некои уставни правници, како професорот Филип Џозеф сметаат дека генералниот гувернер сепак го задржува правото да одбие да даде кралско одобрение во вонредни случаи - особено ако се укинува демократијата[1]. Други, како поранешниот професор по право и поранешниот премиер Џефри Палмер и Метју Палмер велат дека одбивањето на кралско одобрение би довело до уставна криза[2]. Во историјата на политичкиот систем на Нов Зеланд, досега се нема случено одбивање на кралско одобрение од генералниот гувернер за било кој предлог-закон на Претставничкиот дом. Со добивањето на кралското одобрение, предлог-законот станува закон. ПоврзаноНадворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia