Вретено (предење)За други значења на поимот, погл. Вретено.
![]() Вретено[1] – вид алатка на која при рачно предење се намотува преѓата. Предењето со помош на вретено и фурка е најстарата техника на предење која за предење на волна понекаде се задржала до ден-денес. ОписВретеното е дрвено стапче долго околу 40 см, со најголем пречник од околу 1 см кое кон краевите конусно се стеснува во два врвови. Со вретено можат да се испредат кратки влакна од волна, лен, коноп и памук во цврста и долга нишка – преѓа. При предењето, очистената и влачената волна најпрво се врзува на фурката, а потоа предачката ја преде така што постепено со прстите извлекува влакна од фурката и со вртење на вретеното ги усукува во континуирана нишка и ја намотува на него. За порамномерно и побрзо вртење на вретеното, на истото се додавал прешлен кој можел да биде фиксен или да се вади. Историја![]() Од праисторијата па сè до средниот век, предењето се вршело со користење само на две алатки, фурката и вретеното. Најстарите докази за предењето датираат околу 5000 години п.н.е. Роданот, кој е измислен во Индија, во Европа дошол во средниот век и овозможил забрзување на процесот како и поголема рамномерност на преѓата. Вретеното како тема во уметноста
Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia