Прешлен (предење)За други значења на поимот, погл. Прешлен (појаснување).
![]() Прешлен[1][2] – прстен или сферичен предмет наместен на долниот дел на вретеното за да ја зголеми и одржува брзина на вртење на истото. Со векови прешлените биле изработувани од многу различни материјали: јантар, рог, коска, корал, стакло, метал (железо, олово, оловни легури) и дрво (даб). Често за изработка се користеле и локални материјали како: креда, варовник, песочник, шкрилци и др. ИсторијаНајстарите познати алатки за кои се смета дека се прешлени се дупнати камчиња кои датираат од пред 12 000 години и тежат во просек 9 грама, од кои околу стотина се откриени во едно натуфиско наоѓалиште во близина на селото Еин Гев, во Израел.[3][4] Во антиката, „сфондиломантија“ била гатачка вештина што користела прешлени за вретена. Тие исто така се користеле како потпори за вотивни практики (пред да се исполни желбата) или како ex-votos.[5] Подоцна, роданот го симнал од тронот вретеното околу 1530 година, и потоа ималку малку прешлени. Најновите датираат од околу 1930 година.[5] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia