Врчвите (Берово)

Врчвите

Карта

Местоположба 41°42′41″N 22°51′46″E / 41.71139°N 22.86278°E / 41.71139; 22.86278
Основни податоци
Место Берово
Општина Берово
Тип

 некропола  тумул


Период железно време
Портал „Археологија“

Врчвитенекрополатумули од железното време. Се наоѓа на околу 5 километри источно од Берово, на десната страна од долината на Брегалница, на терен што се шири од двете страни на полскиот пат за Чучурските Колиби. Има 4 тумули, наредени во линија исток-запад, на растојание од 20 метри еден од друг. Тумулот I, што лежи на југоисточниот крај, е прилично добро зачуван и има пречник во основата од околу 16 метри и височина од 1,5 метри. Другите могили се доста оштетени од ерозија и од диво копање така што обликот и димензиите не можат точно да им се одредат.[1]

Поврзано

Наводи

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya