Смојмирово
Смојмирово — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово. Населението изнесува 526 жители. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во средишниот дел на областа Малешевија, на територијата на Општина Берово, недалеку од градот Берово, сместено на патот Берово-Пехчево.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 850 метри. Од градот Берово е оддалечено 4 километри.[2] Атарот зафаќа простор од 11,3 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 638 хектари, на пасиштата отпаѓаат 244 хектари, а на шумите 116 хектари.[2] ИсторијаВо XIX век, Смојмирово било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство. За време на Српската окупација од 1912 г. до 1941 г. (подоцна од 1918 г. Кралство на Србите, Хрватите и Словенците; од 1929 г. до 1941 г. Кралство Југославија) Смојмирово страда силно.[3] Смојмирово се вбројува меѓу првите во Малешевијата по бројот на учесниците во Првата балканска војна. Обидите на српските власти во 1914 година да ги добијат симпатиите од селаните од Смојмирово на своја страна не успеале. Лицата кои со сила биле мобилизирани во српската војска побегнале на австроунгарска страна, а другите побегнале во Бугарија пред да им бидат врачени поканите за војска. Тоа е една од причините за теророт врз селаните меѓу 1913—1915 година.[3] Друга причина за теророт тесно е поврзана со името на војводата Гаве Стоилов кој меѓу првите се појавил со четата во Малеш и испотепала мноштво српски војници и жандарми. Немоќни да се справат со четниците на Гаве и ВМРО, српските власти, и во ова, како и во другите населени места, примениле мерки на терор. Меѓу тепаните луѓе од Смојмирово била и Ордана Н. Маркова, која го има забележано сето она шго го преживеала, па вели: „Во селото дојдоа војници, жандарми и какви ли не други. Машки свет во селото речиси немаше, беа останале само стари луѓе и деца. Без да имаат срам и образ почнаа да собираат жени и да не водат во дворот на училиштето. Јана Аџиска, Јана Јованова, Пага Каракутова и Глигор Каракутов ги влечеа изврзани со ортоми. Жените лежеа и затвор и ги судеа. Глигор Каракутов беше успеал да им побегне. Нас почнаа да не тепаат кој со што може, со стап, со пушките и со разни други предмети. Неколку жени и мажи, најарно е ако речам, ги сплескаа од ќотек, како на пример: Маца Мушкарска, Калопа Аџиска, Катерина Маркова, Вано Кушов, Петре Ангелинин, Вано Трошански, Ефтим Тасев, Гаве Аџиски, Трендафил Марков, Гоге Нешов, Вано Костадинов, Коло Тасин Трошански, Аврам Предарски (избоден и убиен во планината), Тасе Самарџиев (кметски наместник умре од многу ќотек), Лена Мирасчиска исто така беше многу тепана и умре. Вкупно беа убиени во тоа време 6 души мажи, а 10—12 измачуваа Грците пред една година.”[3] Вкупно 7 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4] СтопанствоСелото, во основа, има полјоделска функција.[2] На 7 октомври 1944 година во борбата против германските фашисти кај селото Смојмирово загинал македонскиот поет Ацо Караманов. Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Смојмирово имало 560 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Смојмирово имало 760 жители.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[7] Селото е големо, без некои големи промени во населеноста и е населено со македонско население. Така, Смојмирово во 1961 година имало 854 жители, а во 1994 година 825 жители.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Смојмирово живееле 765 жители, од кои 764 Македонци и 1 Србин.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 526 жители, од кои 511 Македонци, 1 останат и 14 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Смојмирово, во која единствено село било Смојмирово. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Беровска градска општина, во која покрај селото Смојмирово се наоѓале градот Берово и селата Двориште и Ратево. Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово. Избирачко местоВо селото постои избирачко место бр. 0016 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[15] На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 566 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 545 гласачи.[17] Културни и природни знаменитости![]()
Личности
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia