Втора Полска Република
Втора Полска Република (полски: II Rzeczpospolita Polska) - историска полска држава во Средна Европа во меѓувоениот период. Постоела од 11 ноември 1918 година до 6 октомври 1939 година (капитулација во Инвазија на Полска (1939)), сепак имала влада во егзил до 6 јули 1945 година. По Втората светска војна станела сателитска држава на СССР (Народна Република Полска). Демографија![]() Историски гледано, Полска речиси секогаш била мултиетничка земја. Ова особено важи за Втората Република, кога на крајот на Првата светска војна била постигна независноста и последователаната Полско-советска војна, која официјално завршила со Договорот од Рига. Според пописот од 1921 година 30.8% од населението претставувале етнички малцинства,[1] во споредба со 1.6% (самоидентификувајќи се со не-полска етничка група) или 3.8% (вклучувајќи ги оние кои се идентификуваат и со полската и со друга етничка група) на пописот во 2011 година.[2] Првиот бран на спонтана преселба на околу 500,000 Полјаци од Советскиот Сојуз се случил за време на реконституирањето на суверена Полска. Во вториот бран, помеѓу ноември 1919 и јуни 1924, околу 1,200,000 луѓе ја напуштиле територијата на СССР и се преселиле во Полска. Се проценува дека околу 460,000 од нив зборувале полски како прв јазик.[3] Според пописот од 1931: 69% од населението биле Полјаци, 14% биле Украинци, околу 10% Евреи, 3% Белоруси, 2% Германци и 3% други, вклучувајќи Литванци, Чеси, Ерменци, Руси и Роми. Ситуацијата со малцинствата била комплексна и се менувала во текот на овој период.[4] Полска исто така била нација со многу религии. Во 1921, 16,057,229 жители (околу 62.5%) биле Римокатолици, 3,031,057 (околу 11.8%) биле Католици од источен обред (повеќето припадници на Украинската гркокатоличка црква и Ерменската католичка црква), 2,815,817 (околу 10.95%) биле Православни, 2,771,949 (околу 10.8%) биле Евреи, и 940,232 (околу 3.7%) биле Протестанти (претежно Лутеранци).[5] До 1931, Полска го имала второто по големина еврејско население во светот, при што една-петтина од сите Евреи во светот живееле во нејзините граници (околу 3,136,000).[1] Градското население во меѓувоениот период постојано се зголемувало; во 1921, само 24% од населението живеело во градовите, а во доцните 1930-ти, тој процент се зголемил на 30%. За една деценија населението во Варшава се зголемило за 200,000, на Лоѓ за 150,000, и на Познањ – за 100,000 жители. Ова се должи не само на внатрешната миграција, туку и на екстремно високата стапка на наталитет.[6] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia