Вјачеслав Екимов
Вјачеслав Владимирович Екимов (руски: Вячеслав Владимирович Екимов; р. 4 февруари 1966 во Виборг — поранешен руски професионален друмски велосипедист, кој бил трикратен олимписки златен медалист, како и ја добил титулата „руски велосипедист на векот“ во 2001 година. Во октомври 2012 година бил најавен како генерален менаџер на руската екипа Катјуша-Алпесин.[1] Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI), во писмо напишано до екипата Катјуша, им забранила учество на Светската турнеја 2013. Помеѓу другите етички прекршување, кои ги навела UCI, поставувањето на Екимов било помеѓу нив.[2] ЖивотописЕкимов започнал со велосипедизам на 12 години со велосипедската школа поврзана со познатиот центар на Александар Кузнецов. Вежбал во Ленинград во Локомотив, а подоцна во спортското друштво на Вооружените сили во советско време. Првпат професионално настапил во 1990 година. Екимов освоил три олимписки златни медали: во екипна потера во Сеул (1988) за СССР, и подоцна со преминот во друмски велосипедизам, хронометар во Сиднеј (2000) за Русија. На Летните олимписки игри 2004 во Атина, Екимов го освоил сребрениот медал за Русија на поединечниот хронометар, губејќи од Американецот Тајлер Хамилтон. Првичниот примерок на крв на Хамилтон се покажал позитивен на допинг, но лабораторијата по грешка го замрзнала вториот примерок, потребен за задолжителниот втор тест. Иако Рускиот олимписки комитет ги обжалил крајните пласмани во корист на Екимов, грешката од лабораторијата направила невозможно да се докаже вината на Хамилтон и Американецот го добил златниот медал. (Хамилтон повторно се покажал позитивен неколку недели подоцна и добил двегодишна суспензија.) Во август 2012 година, на Хамилтон му бил одземен медалот, а Екимов го добил златото.[3] Екимов се приклучил на екипата УСПС во 1997 година како негово прво меѓународно учество, пред кратко да се повлече во 2001 година, пред повторно да се приклучи на екипата следната година. На Тур де Франс 2003, Екимов завршил десетти на прологот. Бил клучен во победата на екипниот хронометар на четвртата етапа и бил важен за петтата победа на Тур на Ленс Армстронг, како на рамните етапи, така и на планинските. Го пропуштил Тур де Франс 2005 поради повреди здобиени при тренинг со Армстронг во Тексас.[4] Во текот на завршната етапа на Тур де Франс 2006, возејќи за Дискавери Ченл Про Сајклинг Тим, објавил дека Тур 2006 е негов последен. Бил почестен од главната група на завршната група, дозволувајќи му да поведе на првиот од осумте круга на Шанзелизе. Екимов започнал и завршил 15 трки на Тур де Франс, изедначувајќи се со Лисјен ван Импе како трет со најмногу завршници на Тур, зад Јоп Зутемелк и Џорџ Хинкапи. Во септември 2006 година завршил со возење за Дискавери, но останал во екипата како помошник на спортскиот директор Јохан Брујнел.[5] Им помогнал на возачите на американските првенства во 2006 година, како и на трките Трка околу Калифорнија и Трка околу Џорџија. На 9 септември 2009 година било објавено дека ќе се приклучи на Тим РадиоШек како спортски директор.[6] Во август 2012 година, на Тајлер Хамилтон му бил официјално одземен златниот медал од олимпискиот хронометар по признанието за допинг. Како второпласиран на трката, Екимов го добил првото место и го добил златниот медал.[7] Достигнувања
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia