Газоза (прилепска)
Прилепска газоза — газиран освежителен безалкохолен пијалак со арома и вкус на круша.[1] Иако пијалаци со слично или исто име се прават во други земји, газозата со вкус на круша е изворен производ на Македонија,[2] популарен меѓу жителите на земјата со децении.[3] Вкусот на овој пијалак често се споредува со клакер. Газозата е еден од најпродаваните безалкохолни газирани пијалаци на македонскиот пазар, а неговиот препознатлив вкус е ценет и на странските пазари. Газоза се извезува во околните балкански земји, Австрија, Швајцарија, Шведска, Австралија и Соединетите Американски Држави.[2] Газозата ја произведува Прилепска пиварница.[4] Енергетска вредност
УпотребаОсвен што е освежителен пијалaк, газозата се користи и во готвењето во Македонија, се користи за правење сладок леб.[6] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia