Галаба ДимоваГалаба Димова ( 1922 во Згрополци — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1] ЖивотописТаа била монополска работничка и делувала во Велес. На напредното работничко движење му припаѓала од пред војната, била член на СКОЈ од 1942 година. Во НОД учествувала од април 1942 година со делувањето на Велешкиот партизански одред. Чувала илегалци, собирала храна и облека, пренесувала илегален и партиски материјал. Во декември 1942 година била затворена, но наскоро била ослободена. Користејќи ја положбата на нивната куќа која се наоѓала на крајот од градот, кај нив често престојувале илегалци и навратувале партизански курири, особено зимата 1942/43 година. Во јуни 1944 година била одново затворена од бугарската полиција. Во затворот останала до капитулацијата на Бугарија, септември 1944 година. Со враќањето во селото веднаш се вклучила во работата на заднината.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia