Велешки партизански одред „Димитар Влахов“
Народноослободителен партизански одред „Димитар Влахов“ — партизанска единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран во атарот на селото Габровник во втората половина на месец септември 1942 година во рамките на извршената реорганизација на партизанските единици во Велешко и Прилепско од борците на НОПО „Пере Тошев“ и новопристигнати борци[1]. Дејствувајќи по чети и одделемнија (десетини), во периодот од септември до ноември 1942 година, извршил акции и водел борба со бугарската војска и полиција, ги прекунувал и ги уривал ПТТ врските, ги уништувал општинските архиви, напаѓал полициски станици, ги разоружувал селските стражи и формирал НОО во селата Бистрица, Богомила, Чашка, Десово, Нежилово, Поменово, Црешнево, Селци, Лисиче, Катланово, Горно Количани, на железничката станица „Клајман“ денешна ЖС „Васил Антевски - Дрен“, рудникот за момирок кај селото Степанци и др.[1]. ![]() Исто така, на 29 ноември во селото ’Рлевци ја разоружал селската контрачета, на 4 декември кај с.Папрадиште водел борба со делови од велешката контрачета, а втората чете на Одредот била опколена од бугарската војска кај селото Војница и при пробојот кон Тиквешијата на 17.XII имала осетни загуби[1]. Загуби имал и во борбите со надмоќните бугарски сили кај селата Дреново и Зелениково и на планината Лисец во декември 1942[1]. Поради отежнатите услови на дејствување, преостанатите борци преминале во илегалство. Одделните групи правеле безуспешни обиди да се префрлат на теренот на Скопска Црна Гора[1]. Во пролетта 1943 година, дел од преживеаните борци влегле во составот на тиквешкиот НОПО „Добри Даскалов“, а други 15 борци формирале истоимена Партизанска група „Димитар Влахов“ и дејствувале во областа Азот, а потоа се упатиле за Дебрца каде на 18 август 1943 влегле во составот на првоформираниот Народноослободителен баталјон „Мирче Ацев“[1]. Бидејќи е формиран во Велешко познат е и како Велешки народноослободителен партизански одред „Димитар Влахов“, а бидејќи голем дел од борците биле од Прилеп и Прилепско познат е и како Велешко-прилепски народноослободителен партизански одред „Димитар Влахов“[1]. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia