Гајдарка

Прстите на гајдаџијата се поставени на отворите на гајдарката

Гајдарка (гајдурка, гајденица, сурла, клепарка, вражаљка, вигурка) — еден од најважните делови на гајдата: дрвена мелодиска цевка со мал додаток на долниот крај од рожена коска, свиткана за околу 120 степени.

На предниот дрвен дел од гајдарката се издупчени седум мелодиски отвори и еден од задната страна за палецот. Првиот мелодиски отвор, наречен мрморец, и задниот, кои се помали од другите, се издупчени на иста вертикала. Во мрморецот е вовлечено кратко цевче што завршува на половината од вертикалниот отвор на гајдарката. Овие два отвора произведуваат попискав и попродорен тон. На горниот дел од гајдарката е прицврстена писка од трска, која се навлекува во внатрешноста на кожата од гајдата, со намена да произведува звук.

Литертаура

Наводи

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya