Карта на Кирибати.Сателитска снимка на Гилбертовите Острови.
Географијата на Кирибати ги опфаќа географските, релјефните и демографските одлики на земјата. Кирибати е островска државата составена од 32 атоли и 1 остров. Државата се наоѓа во Тихиот Океан и низ неа поминува екваторот. Атолите во државата ги сочинуваат трите островски групи: Линиски Острови, Гилбертови Острови и Острови Феникс. Банаба е единствен остров во државата, кој е богат со фосфат и е еден од трите фосфатни острови во Океанија. Од поглед на часовните појаси, Кирибати е најисточна држава во светот. Главен град во државата е Јужна Тарава, а службени јазици кирибатски и англиски. Кирибати има вкупна површина од 726 км2 и население од 105.432 според проценките за 2005 година.
Податоци
Местоположба
Кирибати се наоѓа во Океанија и е составена од три островски групи: Линиски Острови, Гилбертови Острови и Острови Феникс. Низ државата поминува екваторот. Кирибати е најисточната држава во поглед на часовните појаси. Државата нема копнени граници, но по морски пат се граничи со Науру и Микронезија на запад, со Тувалу, Токелау, Кукови Острови и Француска Полинезија на југ и со Француска Полинезија на југоисток. На исток и север се граничи со меѓународни води. Географските координати на земјата се 1°25′N173°00′E / 1.417°N 173.000°E / 1.417; 173.000.
Површина
вупно: 771 km2 (298 ми)
копно: 771 км2
вода: нема
Белешка: Во вкупната површина се опфатени сите три островски групи.
Морски територии
ексклузивна економска зона: 370 km
територијални води: 22 km
Копнени граници
нема
Брег
1,143 kм (3,750,000 ст)
Клима
тропска клима со топли и суви периоди.
Релјеф
Повеќето од островите се рамни и опколени со корални гребени.
Најголемата етничка група на Кирибати се кирибаќаните. Тие се микронезиски народ. Околу 14 век, Фиџици и Тонганци се населиле на Кирибати и со тоа се измешала етничката структура на населението.
Народот во Кирибати зборува на кирибатски јазик. Иако англискиот е службен јазик на Кирибати, тој не се користи многу.