Географија на Маршалските Острови![]() ![]() ![]() Географијата на Маршалските Острови ги опфаќа релјефните и географски одлики на оваа островска држава. Маршалските Острови се островска држава во Океанија, поточно во Тихиот Океан. Државата е составена од две островски групи, Ралички Острови и Ратачки Острови. Маршалските Острови имаат 29 атоли и 5 острови. Државата нема копнена граница, но по морските граници ги дели со Микронезија и Кирибати. Главен град на државата е Маџуро, а службени јазици се маршалски и англиски јазик. Општи податоциМестоположба: Океанија, поточно северниот дел на Тихи Океан. Соседни држави на Маршалските Острови се Микронезија и Кирибати. Географските координати на државата се 9°00′N 168°00′E / 9.000°N 168.000°E. Површина Вкупната површина на државата е 181.3 км2. Државата нема значителна водна површина. Маршалските Острови немаат копнени граници. Брег: Вкупната должина на брегот на Маршалските Острови е 370.4 км. Морски територии:
Клима: Климата на Маршалските Острови е тропска. Влажната сезона е од мај до ноември, додека останатите месеци се суви. Државата е во близина на тајфунскиот појас. Релјеф: Државата е многу ниска во поглед на надморската висичина. Како резултат на глобалното затоплување има опасност од поплавување на островите поради нивната мала надморска височина. најниската точна во државата е Тихиот Океан, додека највисоката точка е во Ликиеп и има 10 метри надморска височина. Природни ресурси: Државата располага со резерви на фосфат, морски плодови, морски минерали и сл. Употреба на земјиштето:
Крајни точниКрајните точки на државата се:
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia