Георги Герџиковиќ
Георги Герџиков (иќ) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонскиот клуб од Белград, во текот на својата дејност одржувал контакти со Српското четничко движење од Белград и Македонската револуционерна организација. Тој е еден од по истакнатите претставници на македонската емиграција во Србија, бил српски офицер, учесник во Илинденското востание и се залагал за автономна Македонија во рамките на една балканска федерација. ЖивотописРоден е како Георги Герџиков во 1880 година во Гевгелија, тогаш во Отоманското Царство. Завршил во француското трговско училиште Гир во Солун, а во 1900 година - воена академија во Белград, Србија, и стапил на служба во српската армија. При избувнување на Илинденското востание ја напушта Србија и станал војвода на чета во одредот на полковникот Анастас Јанков [1]. По востанието, во 1904 година Герџиковиќ посредувал помеѓу србоманската чета на Мицко Крстевски и Македонската револуционерна организација, меѓутоа неуспешно [2]. Во 1905 година, Герџиковиќ заедно со воденчанецот Григорие Хаџи Ташковиќ, почнале да се приклонуваат кон Српското четничко движење на Јован Атанацковиќ и Милорад Гоќевац, надевајќи се дека ќе добијат помош за македонското револуционерно ослободително дело, а истовремено ги продолжиле и своите врски со Македонската револуционерна организација. Во овој период во Белград почнале да го издаваат весникот Автономна Македонија. Овој весникот ја бранел идејата дека Македонското прашање не е прашање на ниту една балканска држава и се залагал за автономна Македонија, како дел од една балканска федерација. Герџиковиќ и Хаџи Ташковиќ во весникот Дневни лист истакнале:
Продолжението на овој исказ е многу интересно. Авторите, на еден многу луциден начин, како да сакаат да го означат дефинитивниот неуспех и пропаста на велико-српската пропаганда во Македонија, слично како што и Лозарите претходно (но и автономистите во ВМРО) ја најавија на подолг рок пропаста на велико-бугарската национална идеја...
Нормално, српските националисти ја сфатиле пораката и реагирале бурно[5]... А веќе во првиот број на весникот „Автономна Македонија“ било истакнато:
По конфликт со дејците на Српскиот комитет бил принуден да го напушти Белград и работел како службеник во Бугарската народна банка [7]. Во 1908 година Герџиковиќ бил близок со Јане Сандански и неговите идеии [8]. По Младотурската револуција во 1908 година работел како администратор на весникот Конституциона зора во Солун. Починал од туберкулоза во 1911 година. Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia