Анастас Јанков
Анастас Јанков (1857-1906)[1], познат и како „Македонскиот Гарибалди“[2] — македонски револуционер, деец на Врховниот македонски комитет (ВМК) и офицер од Бугарската армија (полковник) од село Загоричани. Еден од најголемите идеолошки противници на BMPO во однос на тоа дали Македонија треба да се ослободи однатре самостојно, или со помош на бугарската армија и на Русија. ЖивотописАнастас Jaнков Динков е роден во костурското село Загоричани на 1 април 1857 г. Учи во родното село, а подоцна во егзархиското училиште во Цариград, коешто го завршува во 1875 година, со одличен успех. Бил прогонуван од отоманските власти и затворен, но успева да избeга во Одеса, денешна Украина. Учествува како доброволец во српската армија во Руско-турската војна (1877-1878) и во Српско-турската војна (1876), во којашто е награден со српски орден и е унапреден во чин помлад унтерофицер, по битката при Гредетин[3]. За време на Руско-турската војна (1877-1878) е доброволец во V-та дружина на Бугарското ополчение, кога го добива чинот унтерофицер. Кај Шипка и Шејново е ранет и за пројавена храброст добива „Георгиевски крст“. Во 1885 г. учествува во Српско-бугарската војна[4] (на страна на Бугарите) и добива орден „За храброст“ од 4-ти степен. Неколку години по формирањето на ВМК станува негов член, и во 1902 г. заминува за Македонија[5], со цел да им помогне на своите сонародници Македонци. Подоцна оди во Грција и Србија, со мисија кај тамошните авторитети да добие поддршка за борбата за автономијата на Македонија. Со самото негово пристигнување во Костурско, почнале несогласувањата со дејците на Внатрешната Организација, co коишто Јанков, намерно со умисла, или не, донекаде ја компромитирал Организацијата пред отоманските власти. Неговата преголема доверба и наклонетост кон гркоманот Коте Христов од село Руља исто така ѝ наштетиле на Организацијата.[6][7] Сепак, треба да се истакне и да се запамети неговиот значаен придонес кон афирмирањето на македонското национално дело. Поради неговата агитација дека Македонците се посебна нација, или можат да формираат таква, врз основа на историските собитија, балканската јавност станувала сè посвесна за националната посебност на Македонците. Повиците и прогласите до Македонците, пак, каде што тој вели дека тие треба пред сè самите да се изборат за својата слобода и национална независност, несомнено придонеле за зацврстување на македонската национална свест кај самиот македонски народ. Освен тоа, Јанков секаде го истакнува континуитетот во поглед на македонската етничка припадност и потекло на Македонците. ![]() Кога во 1902 година отиде со голема чета во Костурско за да крева „востание” и издава проглас во кој меѓу другото се вели: - „Македонци! Сетете се за светскиот победител, за светската слава на Македонија великиот Александар Македонски; сетете се за храбриот цар Самоил, македонскиот великан, за прекрасниот Марко Крале, општословенската слава, дека во нив течела македонска крв; тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започнато дело. Да се покажеме достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност; да го отресеме од себе срамниот јарем што нè гуши пет века.”[8][9] Во весникот “Штампа” на 01.12.1903, тој изјавува:
Крсте Мисирков во „За македонцките работи“ вели:
СемејствоПолковник Анастас Јанков е женет за Марија Атанасова Попгеоргиева Футекова, сестра на бугарската револуционерка Рајна Кнегиња. Негов син е мајорот Коста Јанков (1888–1925, зет за ќерка на социјалистот Димитар Благоев и деец на Бугарската комунистичка партија), кој бил убиен во полициска хајка по терористички напад спроведен од неговата партија врз бугарскиот цар и армискиот врв.[12][13] Полковник Jaнков загинал во битка против османлиска војска, во април 1906 година, на пат за Бугарија, при месноста Полјана кај селото Влахи, во тоа што е денес пиринскиот дел на Македонија. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia