Германска национална библиотека
Германска национална библиотека (германски: Deutsche Nationalbibliothek или скратено DNB) — главна архивска библиотека и национална библиотека на Германија. Нејзина задача е да ги собира, архивира, документира и библиографски забележува сите германски публикации и публикации издадени на германски јазик од 1913, странски публикации за Германија, преводи на германски дела и дела на германски емигранти издадени во странство помеѓу 1933 и 1945 и да овозможи да станат достапни на јавноста.[2] Германската национална библиотека одржува соработки со надворешни субјекти на национално и меѓународно ниво. На пример, таа е водечки партнер во развивање и одржување на библиографски правила и стандарди во Германија и игра значајна улога во развојот на меѓународните библиографски стандарди. Соработката со издавачите е регулирана со закон од 1935 за Германската библиотека Лајпциг и од 1969 за Германската библиотека Франкфурт. Должностите се поделени помеѓу објектите во Лајпциг и Франкфурт на Мајна и секој објект ја насочува својата работа во одредени области. Третиот објект, Германскиот музички архив Берлин (Deutsches Musikarchiv Berlin; основан 1970), се занимава со сите музички архивирање (како печатени, така и снимени материјали). Инвентар
Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
50°7′51.98″N 8°40′59.35″E / 50.1311056°N 8.6831528°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia