Гетингенски универзитет
![]() Гетингенски универзитет (германски: Georg-August-Universität Göttingen; службено наречен Гетингенски универзитет „Георг Август“) — истражувачки универзитет во градот Гетинген, Германија. Бил основан во 1734 година од Џорџ II, крал на Велика Британија и изборен кнез на Хановер и започнал со работа во 1737 година, со што универзитетот е најстар во сојузната покраина Долна Саксонија и најголем по број на студенти, што е околу 31.500 студенти.[5] Дом на многу познати личности, универзитетот претставува една од историските и традиционални установи во Германија. Гетинген е наречен „град на науката“.[6] Гетингенскиот универзитет бил претходно поддржуван од иницијативата на сојузното министерство за извонредност, има членство во „Група Коимбра“ и се поврзува со над 40 добитници на Нобелова награда. Понатаму, универзитетот одржува силни врски со големи истражувачки институти со седиште во Гетинген. Со околу 8 милиони единици материјал, Гетингенската државна и универзитетска библиотека спаѓа меѓу најголемите библиотеки во Германија. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia