Гецова Ледена Плоча![]() Гецова Ледена Плоча (англиски: Getz Ice Shelf) — најголемата ледена плоча на Антарктикот, сместена долж неговиот југозападен брег. Долга е 500 м, а широка од 30 до 100 км. Се граничи со Хобсовиот и Бакутисовиот Брег во Земјата на Мери Берд помеѓу Мекдоналдовите Висови и Мартиновиот Полуостров. Неколку големи острови се делумно или целосно зафатени од плочата. Мразот од плочата се топи во износ од 1,1 до 4,1 м годишно, што го прави најголемиот извор на of топена вода во Јужниот Океан.[1] Ледената плоча западно од островот Сајпл е откриен од Антарктичката служба на САД (USAS) во декември 1940 г. Делот источно од островот Сајпл за првпат е разграничен од воздушни снимки направени од американската морнарица во 1946–47 г. Целата плоча е искартирана од Геолошкиот топографски институт на САД според морнаричките прелетни снимки во 1962–65. г. Наречен е по Џорџ Гец од Чикаго, кој направил заложба за опремување на хидроавионот користен во експедицијата.[2] Во февруари 2021 г. научниците изјавиле дека четиринаесетте ледници кои ја образуваат плочата се имаат забрзано, и изгубиле 315 гигатон мраз од 1994 г. наваму. Причината за забрзувањето се претставува дека е релативно топлата океанска вода ги топи ледниците од долу.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia