Гибралтарски ПротокОваа статија се однесува на Гибралтарскиот проток. За британската прекуморска територија Гибралтар, погл. Гибралтар.
![]() Гибралтарски Проток (арапски: مضيق جبل طارق, шпански: Estrecho de Gibraltar) — проток кој ги поврзува Атлантскиот Океан и Средоземното Море, a ги раздвојува Шпанија и Гибралтар во Европа од Мароко во Африка. Името доаѓа од арапското Џебел Тарик што значи планината Тарик и се однесува на умајадскиот берберски војсководец Тарик ибн-Зијад кој го предводел арапското освојување на Шпанија во 711 г.[1] Во најтесниот дел, ширината на морето е 13 км. Длабочината варира помеѓу 300 и 900м.[2] Помеѓу двата континента има постојана траектна линија. На северната страна на протокот се Шпанија и Гибралтар, а на јужната се Мароко и Сеута, која е шпанска енклава во Северна Африка. Карпите околу протокот во антиката биле познати како „Херкулови Столбови“. Во околината има неколку мали острови за кои се води територијален спор меѓу Шпанија и Мароко.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia