ГимназијаГимназија е средно училиште за општо образование која ги подготвува учениците за факултет. Името потенува од античкиот грчки збор „γυμνάσιον“ кој претставува физичко и интелектуално образование на младите. Во германскиот јазик и во поголемиот дел од Европа денешниот збор „гимназија“ го задржал значењето на интелектуално образование, а во англискиот за зборот „-gym“ останало значењето за физичко. ИсторијаПрвите средни училишта се нарекувани "Латински", од нив потоа се развиле гимназиите. Првата гимназија је основал Јохан Штурм во 1538 година во градот Штразбург. Од неа потекнуваат познатите класични гимназии.[1] Кон почетокот на 18 век се појавиле новите "реални гимназии" наречени "Реалки". Во нив повеќе се учела математика и други природни науки, но без латинскиот јазик. Кај Србите првата гимназија се обидел да ја отвори патријархот Чарнојевиќ во 1698 година, на доделениот имот кај Сечуј. Првото, кратко, непотполно, средњо училиште е наречено "Славено-латинско училиште", кое работело помеѓу 1727-1730 година во Карловци. Видови на гимназии![]() Во Србија постоеле или постојат следниве типови на гимназии:
Во Европа врз основа на искуставата од Индија и другите поранешни колонии, каде што образованието се изведувало на странски јазик дошло до заклучок дека учениците, кои освен самата настава на странски јазик и некои или сите предмети ги изучувале на странски јазик, поседуваат исклучително квалитетно и употребливо знаење на странски јазик. Со изведување на наставата на странски јазик учениците добиваа можност да размислуваат на странски јазик и со тоа нивното знаење е попрактично. Моментално во Европа е во тек процесот на ширење на јазичните гимназии во кои на странски јазик се изучуваат некои од нејазичните предмети. Во Србија почнало да се експериментира со класовите. Структура на училиштата во СрбијаВо Република Србија гимназија е четиригодишно училиште во кое се запишуваат ученици со возраст од 14-15 години, по завршување на основното училиште. Во прва година ученикот избира насока (општ, општествено-јазичен, природно-математички), од што зависи изборот и обемот на наставните предмети. Седмично, ученикот има 30-ина часови, по 45 минути, од што од еден предмет има околу 2-4 часа. Дневно, ученикот има до 7 часови во иста смена, утринска или попладневна. Зависно од насоката и класот, предметите можат да бидат: српски јазик и литература, прв и втор странски јазик (англиски, германски, француски, шпански или руски), латински јазик, устав и права на граѓанинот, социологија, психологија, филозофија, логика, историја, географија, биологија, математика, физика, хемија, програмирање и информатика, музичка култура, ликовна култура, физичко васпитување. За секој од предметите ученикот добива оценка во текот на цела година од 1 до 5, додека на крајот на полугодието (почетокот на јануари и јуни) се изведува заклучна оценка. На крајот од училишната година (почеток на јуни) се изведува и заклучна оценка од предметот и класот. Ученикот преминува во повисок клас доколку на крајот од учебната година ако ниту една од заклучните предметни оценки не е недоволен (1). Средна вредност, аритметичка средина на пролазните оценки 2-5 на предмети е оцена на успехот на ученикот. Држави со гимазиски систем на образование
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia