Глигорие СавовиќГлигорие Савовиќ е еден од водечките македонски архитекти од втората градителска етапа, која го опфаќа периодот од 1944- 2000 година. Дипломирал на Градежниот отсек на Техничкиот факултет во Белград, во 1937 година. За време на Втората светска војна работел во Заечар, а по војната во Чачак и Ужице, Србија. Во 1948 година се преселил во Скопје, каде што се вработил во проектантското претпријатие за Македонија „ Проектант“. По струка бил градежен инженер, но се занимавал со архитектонско проектирање. Негова преокупација биле станбените објекти, поле на кое постигнал забележителни резултати. Во 1961 година го напуштил Скопје и се преселил во Косово, продолжувајќи ја својата проектантска дејност на полето на архитектонското проектирање и реализирал повеќе станбени објекти во Урошевац и Приштина. Позначајни објекти му се:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia