Центар за култура „Бели мугри“ - Кочани
Национална установа центар за култура „Бели мугри“ ― културна установа во Кочани. Центарот за култура е главен носител на културни, уметнички и просветни активности во Кочани. Установата е наречена по збирката поезија „Бели мугри“ од Кочо Рацин. ИсторијаИзградбата на зградата била започната во 1959 година и била завршена во 1961 година.[1][2] Првично отворените галерии биле покриени со покрив во 1980-тите години.[1] Во 2016 година се работело на изработка проектот на обновување на зградата, кој бил одобрен од Министерството за култура во март 2017 година.[3] Во август 2018 година, започнало обновувањето на фасадата. Изведувач на работите во оваа фаза било претпријатието „Дрвопром“ од Мородвис, а надзор било „ЗИМ“ АД Скопје.[4] Тој период, обновен бил и покривот. Во 2020 година, првата (надворешна) фаза била завршена.[5] Во 2021 година, започнала преизградбата на гледалиштето во внатрешноста на градбата.[6] Во април 2022 година, била завршена внатрешноста и салата, односно градежните активности биле завршени. На 29 април таа година, киносалата била свечено пуштена со филмот „Преекспонирано“ од режисерот Елеонора Венинова.[5][7][8] Директори на установатаАрхитектураТрите главни обликовни единици се издолжениот кубус, големата сала во средишниот дел на градбата и отворените летни галерии заштитени со клаустра на фасадата во страничниот дел на комплексот.[1] ![]() Во предниот дел на градбата е сместен главниот влез и изложбената повеќефункционална галерија на првиот кат. Големата сала ја завзема средишната двовисинска положба во градбата, положба која е нагласена во обликот со контролната кула на сценскиот простор и располага со сместивост од 360 седишта во партер и 78 седишта на балкон. Администрацијата и помошните простории се наоѓаат на страничничните делови од градбата. Како уникатен дел биле отворените (денес покриени) летни покриени галерии на првиот кат кои преку клаустрата по целата должина на градбата се заштитени од директниот поглед, и истовремено се вентилирани.[1] ![]() Главниот влез на установата ја содржи издадената стаклената фасада која е пред носечката конструкција и со тоа се покажани осумте носечки столбови на истата и потенцирањето на нивната обработка. Покривната конструкција е створена од челични решетки и покрив со мал нагиб над средишниот дел.[1] Терацото надвладејува како најкористен материјал за скоро сите простори. Влезната партија е потенцирана каде се користени големи парчиња мермер со терацо. Изложбениот простор на првиот кат има мермерни подови и дрвена касетирана обработка на плафонот. На столбовите е употребена рафело техниката на имитација на црвен мермер која е од особен квалитет. Подот на големата сала е линолеум додека ѕидовите се обработени со дрвени панели за добивање на удобна акустична просторија.[1] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia