Голема бела чапја
Големата бела чапја позната и како голема чапја, обична чапја,[2][3][4] е голема, широко распространета чапја. Ја среќаваме во тропските и потоплите региони во светот, a во јужна Европа присуството е локализирано. Опис![]() Големата чапја е со целосно бело перје. Високи се околу 1 m, односно од 80 до 104 см и имаат распон на крилата од 131 до 170 см.[5][6] Тежат од 700 до 1500 gr, или просечно 1 кг.[7] Тие се само малку помали од големата сина чапја или сивата чапја (A. cinerea). Освен по големината големата бела чапја се разликува од другите бели чапји со нејзиниот жолт клун и црни нозе и стапала, иако клунот може да стане потемен, а нозете посветли во време на парење. Во сезона на парење, нежни украсни пердуви се појавуваат на грбот. Мажјаците и женките се идентични во изгледот, а малечките се како возрасните вон сезона на парење. ![]() Таа има бавен лет со згрчен врат. Ова е одлика на чапјите и биковите, што ги разликува од штрковите кои го истегнуваат вратот при летање. Големата бела чапја вообичаено е нема птица, но прави силни звуци со клунот „чук чук чук“. Систематизација и таксономијаГолемата бела чапја спаѓа во семејството на чапјите, традиционално класифицирајќи ја со штрковите во штрковидните, но нејзини поблиски роднини всушност ѝ се пеликаните од редот на пеликановидните. ПодвидовиИма четири подвида на различни места во светот со ситни разлики. Разликите се однесуваат на боите во сезоната на парење и на големината:
Екологија и статус![]() Големата бела чапја е делумно птица-преселница, односно се сели од областите со постудени зими на југ. Живее во колонија на дрвја во близина на големи езера со трски или други мочурливи места. Гради цврсти високи гнезда. Големата бела чапја генерално е многу успешен вид и иако кон крајот на 19 век во Америка биле убиени голем број чапји заради нивните украсни пердуви, со мерките за заштита, таа во голем број е обновена. Таа добро се приспособува во населените места и често може да се види во мочурливи и влажни места во приградските населби. Во 1953 година големата бела чапја во лет беше избрана за симбол на Националното Одбон друштво, за да се спречи убивањето птици заради нивните перја.[8][9] Големата бела чапја е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водени птици (AEWA). ИсхранаГолемата бела чапја се храни во плитката вода со риби, жаби, мали цицачи, и многу ситни влекачи и инсекти, прободувајќи ги со долгиот и остар клун, стоејќи и чекајќи мирно додека пленот не наиде во дометот на нејзиниот остар клун кој го користи како стрела. ![]() Во културатаГолемата бела чапја се наоѓа на банкнотата на 5 бразилски реали. Симбол е на Националното Одбон друштво.[10] Името на древниот Шарипутра, еден од следбениците на Буда значи син на чапјата (покрај другите варијанти), и се вели дека неговата мајка имала очи како големата бела чапја.[11] ПоврзаноБелешки
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia