Голема шлука
![]() Големата шлука (Gallinago media) е мала крајбрежна птица од родот Gallinago. Големите шлуки се размножуваат во мочуриштата и влажните ливади со ниска растителност во североисточна Европа, како и севрозападна Русија. Тие се птици преселници кои зимата ја поминуваат во Африка. Ги среќаваме и во Македонија. Европската популација на овие птици е во голем пад. ОписГолемата шлука е долга од 27 до 29 см, со распон на крилјата 42-46 см и тежина 150-260 g. Перјето во основа е светлокафено со бели линии на крилата, а од клунот кон очите и грбот се протегаат темни линии. Овие птици се познати по нивниот брз и издржлив лет. Забележано е дека можат да летаат до 97 километри на час, без некоја особена помош од ветрот. Исто така, може да летаат непрестајно 48 часа, а поминуваат преку 6 760 километри при преселбата.[2] Крилата не им се особено аеродинамични, без зашилени краеви, и вообичаено не сопираат да јадат иако имаат можности. За тоа време ги користат резервите од масти.[2] РазмножувањеВо сезоната на парење, мажјакот го започнува своето додворување во самрак правејќи сложени фигури. Стои исправено со накострешени пердуви на градите и раширена опашка. Или скока во воздух и произведува различни звуци како тропкање, кликање, свиркање, џагорење. Големата шлука гнездото го прави на добро скриено место, на земја. Несат 3-4 јајца. ИсхранаОвие птици пасат во меката кал, избирајќи ја храната што им е на дофат. Тие главно јадат инсекти и дождовни црви, а повремено и растенија. Многу тешко се забележуваат во својата животна средина, со своите бои се камуфлирани и претопени во околината. Кога ќе се исплашат, летаат прилично подалеку додека повторно не навлезат во растителноста. СтатусНа големите шлуки се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia