Големо гушанче
Големото гушанче или маслинар (науч. Hippolais olivetorum) е мала врапчевидна птица од семејството на трскарите (Acrocephalidae), од родот на дрвните трскари (Hippolais). Се размножува низ југоисточна Европа и Близок Исток. Ја има и во Македонија. Птица преселница е, што зимува во источна и јужна Африка, од Кенија до Јужна Африка. ОписОваа птица е со средна големина од трскарите, но најголем од гушанчињата. По големина е колку дамчестото грмушарче, долго околу 15,5-17 см, со малку подолг клун и пократка опашка. Главата му е сплескана, крилјата долги, а нозете тешки. Одозгора е сивкавокафеав, а одоздола валканобел. ПоведениеЖивеалиштето на оваа птица се отворените дабови шуми, насадите со маслинки, овоштарниците и плантажите со бадеми. Се храни, како и другите трскари, со инсекти. Гнездото го гради на мали дрвја или во грмушки и несе 3-4 јајца. ![]() Песната му е спој од чкрипење и врескање, малку пониско од другите трскари, а исто така, и поспоро. СтатусВо Европа, што сочинува 95% од вкупниот број, има 11.000-23.000 пара од овие птици, односно околу 33.000 - 69.000 поединци.[2] Според Црвениот список на МСЗП оваа птица е класифицирана како вид со најмала загриженост. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia