Гостун
Гостун — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во општината Банско на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 29 жители (2024). Географија и местоположба![]() Селото Гостун се наоѓа во планинско подрачје на падините на Пирин планина. Се наоѓа на четири до пет километри од Места, од главниот пат за Неврокоп. ИсторијаЦрквата „Свети Илија“ потекнува од 18 век.[1] До 1934 година селото се викало Густун.[2] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, објавена во Константинопол во 1878 година и која ја одразува статистиката на населението од 1873 година, Гостоун е посочено како село со 110 домаќинства и 380 Македонци.[3][4] Во 1889 година, Стефан Верковиќ („Топографско-етнографска скица на Македонија“) го забележал Гостун како село со 100 македонски куќи.[5] При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, еден човек од Густун доброволно се пријавил во Македонско-одринската милиција. ДемографијаНа табелата е прикажан бројот на населението во Гостун за периодот 1934-2011:
Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[3] ЛичностиРодени во Гостун
Друго'Рт Гостун на островот Сноу на Антарктикот е именуван по селото Гостун.[6] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia