Гоцев Врв
Гоцев Врв (бугарски: Гоцев връх; до 1942 г. Али Ботуш, од 1946 до 1951 г. Алиботуш[1]; грчки: Τσολιάς – Цољас, Αλή Μποτούς – Али Ботуш) — највисокиот врв на планината Славјанка (Али Ботуш) на границата помеѓу Пиринска и Егејска Македонија. Висок е 2.212 м. МестоположбаВрвот се издига на главното планинско било на југозапад од Голем Царев Врв и на исток од врвот Шабран. На северозапад од Гоцев Врв се наоѓа големата карстна вдлабнатина наречена Сухото Езеро. Врвот е масивен, оцртан од југоисток со висока карпеста стрмнина Козјата Стена. Сочинет е главно од протерозојски мермери. Почвата е тенка кафеава шумска. Падините се обраснати со високопланинска тревна растителност. Се среќаваат многу ендемски растенија. По билото поминува државната граница меѓу Бугарија и Грција. Југоисточно од врвот стои граничната пирамида бр. 100.[2] ИмеДо 1951 г. врвот го носел името Али Ботуш. Новото име му е дадено во чест на големиот македонски револуционер Гоце Делчев. ТуризамГоцев Врв е вклучен во иницијативата „Освојувач на 10-те планински првенци“ на Бугарскиот турстички сојуз. Печат има во планинарските домови „Славјанка“ и „Извора“. ИскачувањеГлавни приоди за искачување на врвот се планинарските домови „Славјанка“ (над с. Парил) и „Извора“ (над с. Петрово), како и селото Караќој во Драмско од егејска страна. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia