Селото се наоѓа меѓу планините Славјанка од север и Црна Гора од југ во историско-географската област Мрвачко. Оддалечено е 16 км Зрново.
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Караќој било големо чисто македонско село во Неврокопската каза на Серскиот санџак. Старото име на селото е Манастир, Голем Манастир или Манастириште. Ова име се среќава во турски документи од XVII и XVIII век.[3]
До опаѓањето на железната индустрија во Мрвачко на крајот од XIX век селото било едно од најразвиените рударски населби во областа и најголем добавувач на руда (магнетитен песок).[3] Голем дел од селото се занимавал исклучиво со промивање на магнетитен песок. Плавењето (промивањето) на рудата се одвивало главно во пролет, есен и зима, кога имало повеќе вода во промивниците. наречени задми. Задмите биле по течението на Караќојска Река. Во селото имало 8 самокови и 4–5 печки. Караќој било и познато ковачко село, и во речиси секоја куќа имало железарска работилница. Селото се специјализирало во изработката на клинци за потковици и заедно со соседното Ловча го снабдувале целиот Солунски вилает.[4]
По замирањето на железарството во средината на XIX век жителите на Караќој оделе на југ на Света Гора и околните планини како јагленари, но преку зимата се враќале во селото.[4]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Манастирџик Караќој (Monastirdjik karakeuī) било село со 190 домаќинства на 650 жители Македонци.[5][6] Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) го обележал Кара Ќој (Монастирџик) како село со 190 македонски куќи.[5][7]
Кара-ќој, село на Ј од градот 7 часа пат. Сместено е сред една стрмна каменлива месност која се образува од падините на Црна Гора. Најобилно растат ореви и лешници по Црна Гора. Во црквата „Св. Богородица“ се служи мешано; прекрасна училишна зграда до црквата со еден учител и 65 ученици кои учат на грчки и бугарски. Куќи 300, Македонци.[8][9]
Во извештај до митрополитот Иларион Неврокопски од 1909 г. селото е опишано вака:
„
С. Кара-Ќој... е сместено во пазувите на Црна Гора и Алиботуш. Низ него минува тесен премин — Просека, за Демир Хисар. Има 294 куќи со 1300 души население. Селаните се занимаваат со земеделие и сточарство. Многу од Македонците одат на работа во Солунско, Ѓумурџинско, Гевгелиско и сл. Црквата е изградена во 1865 г. и се нарекува „Успение на Пресвета Богородица“. Таа е големо, убаво и масивно здание. Внатре е убаво украсена и има голем двор во кој е и училиштето. Училиштето исто така е убаво, големо и старо здание, изградено во 1874–5 г... Меѓу селаните има расправии. Едните се клубисти, а другите санданисти. Второспоменатите се помалобројни, но ги тероризираат другите. Санданистите нападнаа луѓе на клубистите за време на Божиќните празници. Двете страни се давале на суд. Црковно-училишните приходи се во безредие. Постои анархија во селско-општинските работи.[12]
Македонското население што останало во селото е подложено на терор и летото 1924 г. се случил таканаречениот Караќојски инцидент.
„
На 24 јули 1924 г. по наредба на офицерот Дуксакис е пукната бомба во центарот на с. Трлис. Никој не нстрадал, но два дена подоцна во с. Караќој уапсени се 13 души, кон кои на местото на „атентатот“ се вклучени уште 14. Групата е одведена кон с. Горно Броди на распит. Нејасно е зшто ја водат по црн пат и до едно изворче, по изговор за мал одмор, несреќниците стануваат лесен плен на жедните за смрт. Во паниката која настапила десетина сепак успеале да избегаат, но тројца од нив се тешко ранети.
Не е можно тој случај да се прикрие. Пред специјална комисија од ОН Грците постфактум ги обвинуваат жртвите дека членувале во ВМРО (каков грев!) и дека ги потпомагале нејзините чети. Дуксакис сепак е укорен, дури и осуден — 15 дена условно.[15]
“
По инцидентот 1.168 селани пребегале во Бугарија и во селото останале само десетина македонски семејства. На нивно место власта довела грчки колонисти.[2]
Во 1928 г. Караќој е заведен како мешано мештанско-дојденско село со 476 жители[2], од кои 408 лица (124 семејства) биле грчки дојденци, а останатите македонски мештани.[16]
Селото силно настрадало и во Граѓанската војна (1946-1949), а от 1960-тите започнало иселување во големите градови.[2]
Населението произведува тутун, компири, жито и други земјоделски производи, а се занимава и со сточарстви.[2]
Месности во Караќој преименувани со службен указ на 13 јануари 1969 г.
↑ 3,03,1Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 12.
↑ 4,04,14,2Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 13.
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 126–127. ISBN954-8187-21-3. no-break space character во |pages= во положба 4 (help)
↑нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
↑Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“(PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Осма (XXXVII–XXXVIII): 7.
↑Рапорт за положението и въвеждането на учебното дело през първото полугодие на 1908 – 1909 г. в Неврокопска каза – В: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. 1998. стр. 82. no-break space character во |title= во положба 84 (help)
↑ 19,019,1Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 182.